Специјално за МММА

Day 1,104, 02:09 Published in North Macedonia North Macedonia by Nsane Lazarov

Јас неможам, а и не сакам да ги разберам тие што мислат дека не треба да се дава на државата злато. Ваква шанса не се добива. Со самата донација од 2 злато за отворање на весник, ти можеш да донираш 4 злато минимум на државата. Тоа е дупло, така да ако немаш донирано односно не си бил во можност да донираш, еве ја можноста да ја исправиш таа грешка. Никогаш не е на одмет да се има повеќе злато, незнам како не разбирате. Да се случи да бидеме нападнати на трите региони би било поубаво сите да го одбраниме, него да ја одбраниме само Источна Македонија нели?

Така да до сите луѓе кои што го прават ова само за да заработат 4 злато и тие што нема да се приклучат на акцијата, ве молам размислете поубаво.

Не сум некој новинар, не сум некоја виша сила па да ви командам јас. Јас го кажувам само очигледното и логичното. Вие треба да оцените што е подобро за Македонија.

И да, весникот е направен специјално за МММА, со оглед на тоа што е акција која е фер, барем за мене.

Благодарам што прочитавте,
Nsane Lazarov