ОеМ за квалитетно новинарство

Day 1,103, 12:37 Published in North Macedonia North Macedonia by Boris Mitrevski

Што ли не се изначитавме по веснициве изминативе месец дена од давам лепче за суб (а дечкото останал на 16здравје и е 13ти левел) до најразлични наградни игри каде наградите варираат од една пушка па се до 500(читај петстотини) голд!

Затоа решив дека мора да се направи разлика меѓу квалитетна статија и глупави и малоумни реченици(не се ни текстови што е најбитно).Како што не може во РЛ секој да биде новинар нормално дека и тука секого не го бива,а едвај 10% од нашиве играчи немаат весник(секоја чест на таквите).

Е сега да ви кажам за што се работи.На партиската сметка на ОеМ моментално има 105 голд претежно благодарение на неупатените кои се кандидираат за претседатели и им одзема по 2 голд.Тие пари може да се трошат само за реклами.Затоа од сега па натаму секој квалитетен текст,колумна, анализа ќе добие награда од 2 голд бесплатна реклама и 20000 импресии.Неделно тоа ќе се околу 3 статии за да не ја исцедиме касата.На добитникот ќе му се даде можност да одбира кој и каде сака да го гледаат,дали само кај нас или во целиот свет.Моментално врти рекламата за МММ акцијата предложена од весникот на Иван(ова го кажав за да знаете за што се работи хД).Па повелете напишете нешто квалитетно кое сите ќе го читаат