За и околу изборите ???

Day 1,097, 11:39 Published in North Macedonia North Macedonia by Boris Mitrevski

Деновиве се одржа второто внатрешно гласање за кандидат-конгресмени.Мислејќи дека ја совладавме психологијата и караниците од минатиот циклус создадов еден малку подобрен систем за внатрешно гласање со кој им се овозможува поголема застапеност на помладите играчи,т.е. моја цел беше да ја издигнам демократијата на малку повисоко ниво.Но што се случи?

1.пред неколку дена излезе објавата за кандидати.Излезе заедно со ПРАВИЛНИК кој и зошто може да се пријавува.Се пријавија околу 60 кандидати од кои 20тина не исполнуваа некој од дадените услови.Ама ајде и ние да покажеме добра страна па скокнавме преку тоа и во договор со МОД не ги санкциониравме тие случаи.Имаше пријавено луѓе кои се војници,луѓе кои не с е членови на нашата партија,па дури и странски државјјани...(ако не ја направевме таа отстапка 100% сум уверен дека истите ќе бараа место во другите партии и ќе ни покажуваа сила)

2.Дојде денот на гласање каде секој има право да избере еден од кандидатите.Јас ако би бил неутрален лично не би знаел за кого да гласам затоа што од тие 50тина души едвај со 5 се знам и можам да ви кажам дека вредат нешто барем на чатот а не дека покажале нешто во интерес на државата.
После 36часа гласање се доби една смешна и грозна слика за нашата "демократија".Имено немаше ни 5% излезеност од членовите,сите гласови беа исфорсирани,договорени,веројатно дел и купени,и секако најголем дел од мулти профили од луѓе кои за прв пат ги среќавам како никови а камоли со коментар на форум.Најглупаво беше тоа што цел ден добивав клевети за тоа кој како гласал а во меѓувреме истиот работи на средување на некој глас.
Е господа идни конгресмени очигледно има уште да учите за тоа што е демократија за која се боревте и биевте во гради.Очигледно е дека никогаш нема да го победиме тој МАКЕДОНСКИ СИНДРОМ за кој пишував во мојата колумна.Клеветата останува да владее кај нас.
Е сега сигурно се прашувате зошто толку малку гласачи?Епа одговорот лежи во вас самите.Во овие 4-5 дена не прочитав една статија,една КОЛУМНА со која би покажале дека вреди да се гласа за вас.Се се сведуваше на глупави коментари од типот гласај за мене сакам медал.Ајде може тој медал ќе ви даде ум па ќе сфатите дека не било се до него.
Од целава ситуација можам да кажам дека повеќето беа средношколци кои се борат за слава а неговите гласови доаѓаат од училница.

3.Сега на форум се разви една полемика која уште трае во врска со начинот на избор.Од една страна се боревте за ДЕМОКРАТИЈА , а од друга страна сакате да бидам ТИТО решете се веќе еднаш не мора се во кавга да се решава.А за наредните избори уште од сега да кажам дека ќе има нов систем па ако треба и со само 700 члена да останеме.Квалитетот пред се.Заради вас бебиња (во секаква смисла на зборот) не сакаа да се кандидираат постари играчи кои се искусни и квалитетни и не с е борат за медалот.
Се плашам од помислата што ќе се случува во конгресот и колку ќе сте активни.

И за крај ќе ве молам едуцирајте се и научете малку повеќе за конгрес и за тоа што се случува таму не само да спамирате на форум и по чатот,не да дојдете таму и да не знаете што се случува!!!