Напреден туторијал за храна, куќи и оружје

Day 1,095, 05:54 Published in North Macedonia North Macedonia by Great White Ajkula

Најчесто одиме на пазар, ја гледаме понудата која е највисоко, и ја купуваме затоа што е најефтина. И најчесто не сме во право. Да разгледаме, со примери (непостоечки цени/фирми):
Компанијата А нуди ефтино лебче кое чини 0.33 денари.
Компанијата Б нуди храна за 4 здравје која чини 0,67 денари.
Компанијата Ц нуди храна за 10 здравје, која чини 1,33 денари.
Што ќе купите? Мал дел ќе купат храна од 1,32 денари, затоа што воопшто ја нема на првата страна на пазарот. Само поискусните ќе пребаруваат користејќи ги опциите за пребарување. Најголем дел ќе си купат ефтино лебче од 0.33 денари - 5 леба, 10 здравје... тамам! Ама - нема да за бележат дека за 10 здравје, дале 1.65 денари, а можеле да дадат 1,33 (од компанјата Ц)... Тоа е наједноставниот пример.

Да одиме со куќите. Таму примерот е подрастичен:
Компанијата А нуди куќа со 6з./ден и 18 дена траење, за 25 денари (да речеме).
Компанијата Б нуди куќа со 25з./ден и 10 дена траење, ама чини цели 50 денари - двојно од А.
Нормално, ни се чини поисплатливо да си ја купиме куќичката А. Арно ама, ако пресметаме - 6 дена * 18 здравје е 108 здравје, го купуваме по цена од 25 денари. Еквивалентно како да сме купиле за 50 денари 216 здравје. А за 50 може да купите куќа Б, која ќе ви даде 25 хелт по 10 дена, т.е. 250 здравје.... Ете го...

За крај, оружјето. Тоа е малку покомплексна математика, т.е. не е само производ на траење и нанесена штета. Еве пример:
Оружјето А чини 40 штета, 6 употреби, чини 30 денари.
Оружјето Б чини 60 штета, 4 употреби, истотака 30 денари.
Кое оружје да го одбореме. Навидум исто. И едното и другото прават вкупна штета од 240 (60 * 4 = 40 * 6). Па каде е разликата? Во штетата што оружјето ќе ви ја нанесе ВАМ! („на вас“ што би рекол Али Риза). Да... Едното ќе ви потроши ВАМ 60 здравје, чија надокнада ќе ве чини повеќе отколку она второто кое ќе ви потроши 40 здравје. Добивката во здравје е директна добивка во пари, но овој туторијал не е наменет за тоа.
Значи математиката за да се одреди вредноста на оружјето е:
Вредност = Штета*Употреби - Употреби*Цена_на_Храна ...
Цена_На_Храна е комплексна (види прв дел од овој туториал), односно ќе ја земете најефтината цена која ќе ви врати 10 здравје (сега околу 4 денари)

Да се вратиме на примерот: Првото оружје 40 штета, 6 употреби, чини 30 денари, ама ќе платиме уште 6*4 денари за надокнада на здравје, т.е. ќе платиме 54 денари. Вториот случај е 30 денари + 4*4 т.е. 46 денари... Ете ја добивката на второто...

Малку подолго, но и корисно.
Искрено,
Методиус Магнус...