Артикал од фотеља хД

Day 1,092, 04:51 Published in North Macedonia North Macedonia by Boris Mitrevski

Како што веќе сте информирани по вчерашните избори имаме 100% политичка власт во Македонија.Лесно се издвоија победи во трите партии иако во најголемата на почетокот имаше мал проблем бидејќи многу од нашите членови гласаа за пропагандистичките цициња на Мариа(не знаеме дали грчки или бугарски) ама и тоа помина.Никаква надворешна политичка опасност веќе не ја загрозува нашата државичка така да слободно може да се сконцентрираме кон подобрување на економскиот и воениот дел.
Меѓутоа по стандардното утринско разгледување на нашиве новини во весникот на даркловер(новиот претседател на третата партија) прочитав нешто што делумно ме изиритира.Имено новиот претседател направил комплетна смена на партијата и ја подготвува да функционира како одделна партија,сменето е името,знамето па дури има и УСТАВ иако устав може да има само држава а во минатото и одрганизација како што била ВМРО,партиите имаат СТАТУТ.Но тоа и не е вистинскиот проблем,суштината е во тоа што тој беше кандидат преку нашата партија на форум каде јасно беше кажано дека целта е превземање на другите 2 партии под контрола на ОеМ.Значи за беспари дечкото си лапна партија.Јас сум најголем поборник за да има комплетна демократија и секој да си има свое мислење но тоа можеше да го искаже преку создавање сопствена партија со сопствени пари.Вечер ќе гледам да позборувам со него(и со драгон секако) па да видиме на што сме.Моментално мислам дека е доволно демократски системот со гласање на форум па секој може да се пријави.
Што се однесува до партијата ВМРО досега нема никакви измени,само имаше еден смешен артикал кој нема да го коментирам затоа што сум убеден дека е МАНИПУЛАЦИЈА.
Да се навратам малку и на нашата Обединета еМакедонија со еден апел до сите членови да не се пријавуваат непотребно за функции,нашиот форум е тој што ги одбира кандидатите.На овие избори имаше 30 кандидати кои залудно потрошиле по 2 голд.Исто така ќе ве замолам да НЕ донирате суми во партиската каса затоа што тие пари може да се користат само за реклама и ништо друго и не можат да се извадат.Секој што сака да донира нека го направи во било кое од министерствата.Моменталниот баланс на партиски средства е 108.96голд.

И заборавив да му се заблагодарам на Кирил кој како прв претседател ја доведе ОеМ до врвот по бројот на членови и ја постави основата на политиката во Македонија.Сега веќе си има меродавни органи и тие ја креираат нашата еПолитика,а мојата функција е повеќе организаторска и логистичка.
Иначе примопредавањето на фотељата беше денеска во 9 часот во седиштето на партијата со свечен коктел.(слики нема од безбедносни причини)


Извинете што вака подолго ве замарам ама морам уште ова да го објавам:
Оглас за секретарка во партијата која треба да изгледа вака

Исклучок би направил само за МариаМКД која би го добила местото без интервју,сепак 42 гласа не е мала работа хД
Гљас и суб плс за навремено информирање!!!