Анализа на избори (првенче)

Day 1,091, 05:23 Published in North Macedonia North Macedonia by Boris Mitrevski

Добар ден драги еСожители!!!

Добив неколку добронамерни критики дека траба да направам весник преку кој ќе ги искажувам моите ставови во врска со организирањето и подобрување на животот на сите македонци и изградбата на Македонија како моќна држава во еСветот.
Досега немав весник од проста причина што има голем број весници кај нас од кои едвај 5 се интересни за читање,другото е бркање на МММ и немаше потреба да се поклопуваме со статии.

Главниот настан за денес секако се внатрешнопартиските избори во 3те партии.Македонскиот форум изгласа 3ца официјални кандидати за партиски лидери на партиите:јас како официјален кандидат на Обединета еМакедонија,thedragon za VMRO i Darklover за третата партија.

Ситуацијата е следнава:
1.Обединета еМакедонија: во моментов имам солидно водство од 111гласови пред MariaMKD kоја има 24,другите кандидати имаат незначителен број.На почетокот гласовите беа многу блиску очигледно поради цицките на лажниот профил на Мариа(која не знаеме ни која е ни што е).Морам да напоменам дека имаме мала излезеност од околу 10% од 1555те членови.

2.ВМРО:засега добро стоиме таму со 67гласа за драгон наспрема 4те за пафел,значи почна да успева планот на ТО над бугарите и бугарофилите кои сакаат Македонија да ја присоединат кон Бугарија,но за да сме потполно сигурни ни требаат 100 гласа,затоа ајде гласајте кој може таму за вечер мирно да спиеме Ч)

3.Третата партија како што ја нарекуваме или партијата на Егејците што би рекол даркловер е веќе наша со самото тоа што нема друг пријавен кандидат.

И за крај ве повикувам да излезете да гласате да не оставаме други да ни го соберат кајмакот.
Македонија на Македонците!!!