Прочитајте :Воен [Водич]+ Нови мисии

Day 1,085, 07:20 Published in North Macedonia North Macedonia by Makedonec3



Долго време бев отсутен во медиумскиот простор,заслужен одмор..се шалам.Долго време немам напишано некоја "асална" статија па баш сега ми дојде некоја инспирација да пишувам.Во последно време многу играчи прашуваат "Како,и каде да се борам" и други слични работи во врска со војувањето,и затоа решив денес да направам некаков воен водич.Оваа игра е слична на реалноста или како што некои викат,"втор живот" се разбира виртуелен.Поентата е кога ќе се регистрирате да се вработите а потоа да работите со што добивате пари,да тренирате и да се борите во битките на вашата држава или да помогнете на некој ваш сојузник.Колку подолго ја играте играта (ги правите најосновните работи : работите,тренирате и се борите) вие кревате левели и се подобрувате на секое поле.Пр. колку повеќе дена работите вие го зголемувате вашиот економски скил а со тоа можете да најдете работа која е подобро платена од претходната,и ако работите редовно 30 дена вие добивате медал наречен Hard Worker (Вреден работник) и мапа со богатсво.Да се придржиме до насловот.Како што реков борењето е една од основните работи во играта.Бидејќи имаме голем прилив на играчи некои од нив не ги знаат и основните работи.
Еве како изгледа "теренот" на кој се борите и мало појаснување (Англиски) за работите на него .{За да ја зголемите сликата кликнете десен клик на неа и View Image.}


Кога се борите во битка односно кога ќе нападнете еднаш вас ви зема 10 здравје.Не е важно дали имате или немате оружје со вас, пак ќе ви одземе 10 здравје.Со оружјето правите поголема штета отколку без оружје па затоа постојат 4 вида на оружје и 5 квалитети.
Колку е поголем квалитетот на оружјето (Q1,Q2,Q3,Q4,Q5) толку е поголема вашата штета во една битка,но исто така колку што е подобар квалитетот толку поскапо ќе ве чини да го купите.Оружје од квалитет 1 (Q1) има 20 Fire Damage и една употреба,оружје од квалитет 2 има 40 fire damage и две употреби,оружје од квалитет 3 има 60 fire damage и три употреби,оружје од квалитет 4 има 80 fire damage и 4 употреби,оружје од квалитет 5 има 100 fire damage и 5 употреби.Во битка подобро е да имате оружје со поголем квалитет и fire damage.Постојат четири вида на оружје и тоа се :

-Пушка
-Тенк
-Артилерија
-Хеликоптери

Како и видовите на оружје постојат и 4 вида на Воени вештини/скилови,но пред некоја ден тие мигрираа во еден скил наречен Сила (Strenght) со што повторно се врати медалот Супер Војник (Super Soldier).Тој се добива со набилдани 100 сила.Силата се добива преку тренирање.Вашата штета зависи од повеќе фактори од кои најглавни се Силата и воениот чин (Millitary Rank).Воените чинови се креват со борење во борби.Исто така тренирајте и работете секоја ден затоа што добивате награда.



Денеска беа поставени мисии кои може да ги најдете на главната страна одиграта.Моментално сега треба да ви ги прикажува мисиите 'La Resistance' и мисијата 'El Dorado-Prepare'.За да ги добиете работите потребни за извршување на мисијата El Dorado-Prepare треба да отидете на http://02.chat.mibbit.com/?channel=%23eMKD&server=irc.rizon.net да го напишете вашето име,да влезете на каналот а потоа да прашате каде може да ги добиете работите потребни за извршување на мисијата .За да ги погледнете војните кои што се случуваат во вашата држава треба да отидете на почетната страна на играта,и ако сакате да се борите стискате 'Fight'.



Покрај војните постојат и востанија (Resistance Wars) кој се креваат за ослободување на регион кој е под контрола на друга држава.Ако започнете востание и го ослободите регионот вие добивате медал и мапа со богатство.Погледнете ја сликата подоле за да распознаете што е војна а што е востание.
Првата битка е востание,се препознава по црвената,високо дигната рака до знамето на земјата која што го подигнува востанието.Исто така ако во една битка направите најголема штета вие добивате медал 'Херој на бојното поле' и мапа со богатство.


Како да ги извршите зададените мисии,и што добивате од нив можете да погледнете надолу.


Find El Dorado - Prepare for the journey
Потребни работи да ја извршите: Да имате 5 оружја и 8 карти во вашиот инвентар и да имате тренирано 5 дена по ред.
Награда за завршената мисија: два искуствени поени (exp) и 15 сила (strenght)



Find El Dorado - Search
Потребни работи да ја извршите :Да се преселите во Јужна Америка,да имате повикано двајца пријатели и да поседувате неотворена мапа со богатство.
Награда за завршената мисија:два искуствени поени и 15 сила (strenght)



Find El Dorado - Now or Never
Потребни работи да ја извршите : Да победете 40 противници во рок од 14 часа,да победете противник во 3 различни битки во Јужна Америка,и да поседувате 100 пари од земјата каде што се наоѓате (Пр. се наоѓате во Бразил и поседувате 106 BRL)
Награда за завршената мисија : 100 здравје и мапа со богатство



La Resistance
Потребни работи да ја извршите мисијата : Да победете 30 противници во рок од 24 часа, и да победете противник во 3 различни востанија (Resistance war), и да го поседувате воениот чин 'Капетан' (Captain).
Награда за завршената мисија : два искуствени поена и 2000 поени на воениот чин.



Healthy Hard Worker
Потребни работи да ја извршите мисијата : Да имате работено 5 дена по ред со повеќе од 90 здравје.
Награда за завршената мисија : два искуствени поена и 200 поени на економската вештина


***Сликите се превземени од http://0.mk/cf7d

True Mercenary
Потребни работи да ја извршите мисијата : Да победете 40 противници во рок од 14 часа,да победете противник во битка во четири различни земји,и да бидете 'Херој на Бојното Поле'
Награда за завршената мисија : една мапа со богатство,и 1000 поени на воениот чин

Вие го читавте весниот Macedonian Lions,гласајте да се информираат повеќе играчи и претплатете се да добивате повеќе вакви статии.