Идните претседатели на нашите соседи

Day 1,081, 11:12 Published in North Macedonia North Macedonia by Wild O


Нашиот претставник немаше конкуренција, сите знаевме од прилика како ќе изгледа тоа гласање. Од таа причина мене лично многу поинтересни ми се изборите во соседските држави.

еБугарите
имаа четири кандидати од кои само еден беше против напаѓањето на еМакедонија. Тој еден кандидат иако водеше сабајлево сега веќе ги има изгубено сите шанси да дојде на власт. Нападот на еМакедонија е еминентен, иако идинот еБугарски претседател The Graverobber е претпазлив (поготово поради можноста да си направат проблеми со феникс ако влезат во алијанса со еГрција) пишува дека нема да му биде проблем да нападне ако мнозинството еБугари сеуште го сакаат тоа. Следователно, без еГрците нашиот источен сосед нема да нападне.

еГрците
кои кандидат и да го избереа ние немаше да бидеме поштедени. Во овој случај најагресивниот ќе ја добие власта, Andreas Bo, кој планира тотална окупација на еМакедонија. Прибидејќи не го разбирам грчкиот не сум доволно информиран за неговата кампања, ама според приложените цели (освојување на сите еМакедонски региони) верувам дека нема да застане додека не ја освои цела наша еДржавичка.

еТурците
имаат фина агенда, burakkocamis има за цел освојување на барем два региона во грција. Без нивна помош сигурно сме изгубени во идната војна против источниот и јужниот ни сосед. Овие еТурски избори мислам дека ќе ни бидат од најголема корист.

еСрбите
на власт следниов месец ќе го имаат Zaeban Covek, они немаат конкретни планови на виделина, но се повеќе се читаат коментари дека ќе сакаат да тркнат до еГрчка, на море 🙂 за повеќе од српскиот претседател неговиот последен пост

Create, Conquer, INSPIRE!