Чекори кон слободна економија

Day 1,078, 22:35 Published in North Macedonia North Macedonia by FilipJ

еМакедонски Економист

Чекори кон слободна економија
3ти Ноември 2010


Почитувани сограѓани од еМакедонија,

Ова е мојата прва статија во новиот еМакедонски Економист весник, и како почетник се одлучив да пишувам за нивото на даноците за увоз на стока каде ќе се фокусирам посебно на даночната стапка за увоз на камен која изнесува 99%.

Како подджувач на Австриската економска школа, овие даночни стапки изгледаат многу ирацинални за еМакедонската Економија, бидејќи се пречка за нејзиното развивање, и за развивањето на просечниот граѓанин на еМакедонија.

Препоставувам (бидејќи нема никаков јавен разлог зашто се овие даночни стапки) дека овие даночни стапки се воспоставени со цел да служат како заштита на еМакедонските производители на камен од богатиот регион во источна еМакедонија, и логично е една држава да си ги штити нејзините производи. Но политичките одлуки не се секогаш одлуки кои би донеле бенефит и развивање на економијата.

Нобеловецот по економија Јамес Буцhананан го има формирано концептот дека безразлика за кого се работи, од кого е платен, или за кого работи, секој човек си има свој интерес. Со оваа теорија, која е точна според секој нормален човек, почна либериатнтскот движење (од кои единствената и најголемата партија во еМакедонија е од таква идеологија) кое се бори за слободни пазари, слободна економија, ниски даноци, и низок степен на владина улога во економијата.

За жал не е тоа случајот во еМакедонија. Ги споредив цените на каменот во Македонија, Турција, и Италија, како и цените на куќите кои еден од материалите потребни за градба е камен. Бидејќи немам курсна листа за злато со валутите на овие држави (уште сум 10 левел, и неможам да продавам злато), само ќе ги споредам генерално цените на каменот и куќите.

Вредноста на каменот во еМакедонија е 0.02 МКД, додека вредноста на куќа од најнизок квалитет е 120 МКД. За разлика од еМакедонија, во еТурција, вредноста на каменот е 0.04 ТРY, додека вредноста на куќа од ист квалитет како таа во еМакедонија е 60 ТРY. Во еИталија, цената на каменот е 0.08 ИТЛ, а цената на истата куќа е 115 ИТЛ.
Звучи малце смешно кога имаме “најевтин” камен, а најскапи куќи, но тоа можеби е како резултат од конзервативната политика на Македонската еВлада. Препоставувам дека вредноста на денарот е повисок а од вредноста на турската лира, и бидејќи имаме протективни даноци за увоз, граѓаните на еМакедонија плаќаат повисока цена на куќи. Доколку се намалат даноците за увоз на камен, во еМакедонија ќе има повеќе инвестиции, бидејќи компаниите ќе се борат за подобра цена, што би донело до намалување на цената на каменот, и во намалување на цената на куќите.

Јас повикувам за масовно намалување на даноците. Не сакам никој да ја свати оваа статија како навреда, баш напротив, сакам оваа статија да биде темел за заедничка изградба на нашата иднина како еМакедонци. Но исто така несакам одредени луѓе да си ја злоупотребуваат нивната позиција за нивни бенефит, и се надевам дека никој не го прави тоа.

Бидејќи Македонија е Израел на Балканот, библиска земја обкружена со непријатели, треба ние како Македонци да работиме заедно и да си помагаме едни на други. Многу сум благодарен на сите оние кои беа тука да ме упатат, и ме прави горд тоа што сум Македонец обкружен со луѓе кои и мислат добро на еМакедонија.

Затоа, ги повикувам сите еМакедонци, да излезат масновно на гласање на 5ти Ноември и да го поддржат нашиот иден Претсдател Унитед Мацедониа за доброто на сите нас, и се надевам дека даноците не само за камен, туку сите даноци ќе бидат намалени.

Статијата е базирана на идеите и мислењата на авторот.

Автор: FilipJ - http://www.erepublik.com/en/citizen/profile/4025697

еМакедонски Економист
http://www.erepublik.com/en/newspaper/emakedonski-ekonomist-244255/1
__________________________________________________________________________________
Гласник на Македонија - http://www.erepublik.com/en/newspaper/glasnik-na-makedonija-243546/1