Нема да се претплатам за бесплатен леб!

Day 1,073, 15:57 Published in North Macedonia North Macedonia by Afroks

Ја играм играва 10 дена. Прочитав 20тина статии во кои одредени личности ветуваат бесплатен леб доколку се претплатиш на нивниот весник. Некои дури бараа и повеќе претплати.
Се претплатив на скоро сите од нив, ставив глас, напишав коментар. Но ништо од лебот... Фала Богу што не ми притреба или ќе умрев од глад.
Сите оние кои што сакаат да соберат претплатници за медалче поштено нека си кажат. Така повеќе би се претплатил отколку да ме амкаат како со јајце за Прочка. И онака се претплатувам на секој весник што објавил статија. Што ме чини да го сторам тоа. На секој му треба злато, медалче. Но нема да го правам тоа за некој кој ми соли памет со празни ветувања..

Нема леб без мотика