Идеи за зголемување на бројот на населението

Day 1,068, 19:36 Published in North Macedonia North Macedonia by FicianiMKD

Здраво Македонци,

Само што го направив овој весник, ова ми е прва статија. Се надевам за успешна новинарска работа во иднина, која не би била успешна без вашата помош. Да преминеме на темата.

Како што забележавме, Турција успеа да си ја ослободи целата територија што беше окупирана од гејција, така што гејците се намалија во бројот на населението односно имаат околу 400 луѓе повеќе одколку ние. Според мене, ова ни е голема шанса да ја добиеме битката со гејција, со оглед на тоа што ги имаме Србија како наши сојузници.
Имам неколку идеи за зголемување на населенето, па си помислив зашто да не ги споделам со вас. Прво, можеме да контактираме со другите телевизии во Македонија. Тој прилог што се прикажа на телевизија „Сител“ беше клучен за растот на населението во еМакедонија. Зашто да не ги контактираме и другите телевизии (А1, Канал 5...) да направат нешто слично со цел да ни помогнат во градењето на успешна еМакедонија?
Второ, можеме да побараме од познатите македонски портали (Кајгана, Мотика, ЗаЗабава, Идивиди...) да напишат статии се со цел што повеќе луѓе да прочитаат за играва и да се приклучат во еМакедонија.
Друго, до сега играва е дискутирана на 2 форума, најмногу на Кајгана форумот. Можеме да се договориме и да отвориме теми на другите македонски форуми, за да се развие дискусија за играва.
Ние, кои сме веќе регистрирани, исто така можеме да се потрудиме за зголемување на населението. Препорачувајте им ја играва на вашите роднини, пријатели, другари од клас, колеги и слично.
Доколку имате некакви коментари, предлози или забелешки слободно пишете во коментари.
Исто така би ве замолил да стиснете vote + subscribe се со цел што повеќе луѓе да го прочитаат ова а и воедно да ми помогнете да стигнам до 1000 subscribers иако знам дека ова ми е 1-ва статија. Фала многу.

Заедно за посилна еМакедонија!!!