Не е се толку мрачно?

Day 1,066, 09:41 Published in North Macedonia North Macedonia by AddictusMKD




Во оваа статија би сакал да коментирам за денешнава ситуација во играта...

Времињата многу се сменети... Јас ја напуштив играта кога се создаде Phoenix, бидејќи не ја додаваа Македонија... Тогаш, Phoenix беше голема сила... Полска имаше направено огромен бејби бум и имаа 40.000 играчи.. Беше толку различно..: Но, како поминувало времето додека јас сум бил на пауза, админите направиле големи измени... Така да кога се вратив во играва, приметив дека Русија и Турција се држат на две територии... Голем контраст...



Дури и ме фати страв за иднината на Македонија... Симболични 200-300 играчи од една нова еДржава со неразвиена економија, сојузници на кои им се одбројуваат нивните последни денови... Не беше убава глетка... Но, тука настапија големи измени... Бејби бум!... Во овој момент би сакал да упатам поздрав до sarmetina и да се заблагодарам за големата помош, и овозможување на играва да стигне до Сител телевизија.. Браво.. Со тоа се јави огромен број на нови играчи... На секои два часа не имаше на вести, така да за време на вести, се регистрираа и по 1000 играчи за 10 минути... Чатот беше полн... 6000 нови играчи (и уште броиме) По нас се надовржа Турција, со уште поголем бејби бум, и можеби 10.000 нови играчи.. Тоа се 16.000 нови играчи од страна на Phoenix... Турција под полна пареа си ги повратува своите територии... Секој ден ние се развиваме повеќе и повеќе.. Можеби ќе дојде и нашето време??