Неколку совети за новите играчи

Day 1,064, 11:34 Published in North Macedonia North Macedonia by AddictusMKD




Најпрвин, би ги споменал оние кои веднаш се откажуваат од играта... Не верувам дека има такви што моментално ја читаат оваа статија, но доколку има, следново важи за вас... Прво, размислете зошто би се откажале од играва? Сигурен сум дека 90% од тие што сакаат да се откажат, воопшто не ни ја започнале играва, не ни биле на работа прв пат, ни ништо.. Туку едноставно се регистрираат, логираат и исклучат... За некој да се откаже од нешто, прво треба да започне... Се има своја процедура... Веројатно сте разочарани, имавте поголеми очекувања од eRepublik? Очекувавте да пукате на Грци како во CS? Да им пуштате магии како во DotA / WoW? Сепак.. Ова е само една browser-based игра... И има свои ограничувања... Но има и свои предности... Играва е доволно да се игра 1 минут дневно на почеток ( Work -> Train -> Get Reward рутината).. Дадете и шанса на играва.. Можеби на почеток ќе ви е глупа (доколку воопшто почнете, што би требало), но подоцна е доста поинтересна, со политика, економија...Војувања...



Кога сме веќе кај војувањата, тука спаѓа втората група на нови играчи.. Играчите кои влегуваат во играва, и се спремни уште од прв левел да напаѓаат врз Грција... Значи, да разјасниме некои работи... Сигурно го поставувате прашањето „Зошто да не нападнам?“... На почеток, вие сте многу слаби.. Штетата што ја правите во играта зависи од некои фактори : Вашето здравје (wellness), вашиот скил со оружјето, и квалитетот на оружјето... Здравјето има доста мал ефект врз штетата, така да тоа можеме да го отфрлиме... Вашиот скил е сигурно доста мал (помеѓу 1 и 3...), и немате оружје (немате ни пари за оружје на почеток)... Така да нема да направите многу штета.. Сето што вие направите со 80 здравје, 8 удари, ќе надокнади еден грк со еден удар... Значи тоа е првата причина, што не правите никаква штета ни ништо... Потоа, губите здравје.. И тоа многу... 10 здравје со еден удар... Значи тука имате две опции : Да се борите повеќе да изгубите многу здравје... Да се борите малку, и да не направите никаква штета... Потоа со малку здравје, нема да можете да работите (или ќе работите, многу слабо).. Многу слабо ќе тренирате , така да го успорувате вашиот развој, и сите пари што ги спечалите наредните две недели (ако не и повеќе) ќе мора да ги давате за храна, за да се вратите во првобитната состојба... Не го злоупотребувајте Црвениот Крст... Тие се тука кога навистина ви треба помош, а не за да ве плаќаат кога се борите... Тоа се сепак државни пари, кои би можеле да се потрошат за правење на компанија, или потпишување на алијанса со некоја држава, или би можеле да ги искористиме подоцна, кога ние ќе војуваме со Грција...



Кога да се борите? Тоа е прашањето што многу го поставуваат почетниците... Некој одговара левел 10, некој 15, некој 17... Всушност, нема некое пишано правило кога да се борите... Јас би препорачал да имате доста пари, и да имате повисока плата, така да можете да си купите храна сами на себе, и неколку оружја...



Приметив многу нови играчи сакаат да направат повеќе граѓани, и да си праќаат пари.. Да добијат некоја предност во играва на неферски начин... Тоа строго ве советувам да не го направите... Зошто? Јас не сум играл повеќе граѓани во исто време, така да не сум бил жртва... Но сигурен сум дека има некои Македонци кои качиле некој левел, почнале повеќе граѓани, биле банирани, па морале да почнат од почеток... Нека потврди некој од постарите играчи..



Благодарам за читањето.... Vote + Subscribe...