Лиценци за Македонија!!! Министерство за Економија на Македонија

Day 1,060, 06:21 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Ekonomija

Почитувани читатели,

на Македонија во моментов и се случува најдоброто нешто - имаме одличен прилив на нови играчи. Моменталната ситуација е:
Популација: 808
Новодојдени играчи во изминатите 24 часа: 169

Како Министерство за Економија на Македонија сакаме да укажеме на следново:

- Се повикуваат старите играчи кои имаат било каква компанија за суровини во висок регион во странство да инвестираат 20 златници за лиценца во Македонија. Нема да имате проблеми со пласманот зашто осетно е зголемена потребата првенствено за леб а потоа и за оружје.
Ако моментално имаме 808 играчи (а бројот се надеваме ќе расте!) и ако знаеме дека играта зема по 4 здравје секој ден и вкупно 2 уште се губи за работа во q1 компанија и за тренинг значи најмалку по 6 здравје се губи. Помножено со моменталната бројка на жители испаѓа дека најмалку 4848 здравје треба да се надомести (а каде е војувањето знаеме дека админите дадоа бесплатни МПП за новите земји и како што гледам секој втор нов играч е на 20-30 здравје...).
4848 здравје се надоместуваат на пример со 2424 q1 лебови и по 6 единици жито што треба за секој таков леб значи минимум ни треба по 14544 жито секој ден. А потребно е доста повеќе освен што новите играчи се со слабо здравје имајте во предвид дека ќе биде потребно и таканаречено "штекање" т.е создавање на залихи на леб кои ќе бидат потребни за кога Македонија ќе биде нападната да не оди цената на лебот упм...



Да резимирамe: Потребни се лиценци за Македонија од било која суровина освен од камен.
Тоа значи: жито, железо, нафта и титаниум.
Каменот го произведуваме ние во нашиот богат регион Источна Македонија и кога ќе имаме конгрес оформен ќе ставиме 99% данок за увоз на камења.
Но за жито, железо, нафта и титаниум немаме богат регион и затоа купете си лиценца за Република Македонија.


Со почит,
Министерство за Економија на Македонија
привремен раководител: lazarosaMKD помошник: Ivan Vancho Makedonski