Купи си куќа!

Day 759, 12:49 Published in Serbia North Macedonia by Eddie Rebel

Еве конечно нов артикал после подолго време. Овојпат со иницијатива "купи си куќа!" Артиклов не е со цел да заработам злато од препродажба на куќи туку сите Македонци и жителите на други добронамерни и пријателски земји да си купат куќи за што пониски цени, а со куќата да имаат и тие индивидуална корист но и земјите во којашто живеат па и целата алијанса на којашто нивните земји припаѓаат.

Според мене една од најдобрите инвестиции во играва покрај организација е куќа, особено ако е со повеќе звезди.

Користа од куќата е на повеќе нива.

1. На индивидуално ниво со куќа секојдневно се добива драгоцено здравје (wellness) кое може да се искористи за:

1.а. Вработување на поплатено работно место ( обично таквите се со 3 - 5 ѕвезди и при работење одемаат повеќе здравје) а за сметка на тоа да не мора да се запостави војничката кариера те да мора да се бори минус еден пат на два три дена одошто би се борел кога би работел на работно место со една звезда или пак не би морал да купува скап висококвалитетен леб за да го надоместиме здравјето одземено од работењето.

1.б. Втора корисна работа е што во зависност од квалитетот на куќата (квалитетот на лебот и моменталното здравје) човек може да прави битка плус секојдневно или битка плус на два три дена.

2 На државно ниво (откако ќе се креира еМакедонија):

2.а. Индивидуата од секојдневната добивка на здравје, ќари или/и повеќе пари од работа или/и побрзо достигање на чин од војска што само по себе е од корист на една земја. Земја со луѓе со висок скил и високи воени чинови може да конкурира со поголемо производство, а и да биде доволно силна за да се одбрани од евентуални воени агресори.

2.б. Можеби е малку еден човек да има битка плус на два дена за изходот на една војна, со тоа нема многу да се смени. Но доколку 100 Македонци со Q3 - Q5 куќи прават битка плус секојдневно или еднаш на два дена (+5 до 10 здравје на ден од куќата) те 50-100 битки на ден плус не е воопшто малку и вреди да се инвестира во тоа. На тој начин може да се заврши голема работа при одбрана на еМакедонија од евентуална земја агресор. "Тоа е така да речам, некое мое размислување" 😛

3. На ниво алијанса.
Освен што еМакедонија ќе може поуспешно да се брани колку што може самата себе ќе може и да биде доволно важна членка на одредена алијанса и полноправен партнер што ќе даде свој придонес за одбрана и на другите земји членки на таа алијанса.

На крајот на краиштата дури и да се има минимум корист од ова, важното е што загубата е минумална те речиси и да не постои. Доколку почувствувате дека ви требаат пари, а немате оод каде да најдете, куќата би можеле да ја продадете за приближно истата цена зза којашто сте ја купиле и не само да си ги вратите парите а со тоа да излезе дека до тогаш сте ја користеле за без пари.

Ако некому му треба куќа, во моментов продавам
Q5 за 32 голд со мој минимум ќар,
Q3 за 11 голд,
Q1 за 3 голд.

Цените не се фиксни и ќе варираат во зависност од цената по која ги набавувам

Во иднина доколку ми стигне златото размислувам да давам и на кредит со чекање од еден месец.

Кому му треба нека пише ПП! Ако некој продава поевтино од моите понуди нека пише слободно. Не е поентата да се богатат неколкумина Македонци туку сите да ќариме од ова.