Кандидатура за претседател на МАКЕДОНИЈА - НИКОЛА ГРУЕВСКИ МАКЕДОНЕЦ 1дел!!!

Day 1,656, 12:46 Published in North Macedonia North Macedonia by Nikola Gruevski Makedonec
Здраво Македонијо ! Здраво Македонци !

Размислував долго, донесов одлука... Одлуката веќе речиси и сите да ја знаат, бидејќи деновиве решив да се кандидирам за претседател на еМакедонија. Честа е голема, притисокот уште поголем, но желбата за добар и континуиран успег, наследувајќи го Ел Че, е она што ќе ме мотивира да бидам активен претседател кој ќе работи само за доброто и вистинските и интереси на еМакедонија. Партијата еВМРО-ДПМНЕ, стои позади мене и ме подржува на овие избори, но вистинската подршка која несомнено легитимно ја имам од мојата партија, мора да биде надополнета од неутралните гласачи и безревервната подршка на другите емакедонски партии.

Внимателно прочитајте ја програмата, зошто она што ќе го ветам и ќе го исполнам, и ова се моите идеи преку кои очекувам да го добијам вашиот глас 🙂

1. Министерство за одбрана - реформи, свежина и нови идеи.

- Фаланга- целта е да се подигне границата на ударот од 4500 на 5000 без Natural Enemy со q6

- Базука тим- 2 тенка за 1 испукана базука, исто како и досега. Овој тим ќе функционира само кога државата има потреба од инфлуенс.

- BOMBS AND ROCKETS - Како и за базука тимот, така и за ова ќе се делат тенкови со цел пукање на бомбите и ракетите само по потреба.
Ќе се отвори чет канал и за секоја испукана бомба ќе бидат поделени 300 тенка, а за секоја испукана ракета ќе бидат поделени 80 тенка.

- Поделба на тенкови за цивили - Цивилите, главната сила на еМакедонија делуваат подзаборавено од државата. Овој месец нема да биде така ! Ќе има редовна поделба на тенкови за цивилите, најмалку 2 пати неделно.

- Обединета Македонска дијаспора - целта на оваа иновација е сите Македонци што имаат друго државјанство, својот значителен придонес кога и е најпотребно на Македонија да не го даваат за други земји, туку да се собираат на чет и секако со доделување на тенкови, нивниот инфлуенс да се искористи за Македонија, само тогаш кога тоа ќе биде потребно!

-Ноќна смена - Ќе се воведе ноќна смена, играчите кој се online во ноќните часови, доколку еМакедонија има важна битка ќе им бидат поделени тенкови.


2. Министерство за економија - ќе биде активно, ќе пробаме да ја подобриме економијата во рамките на наштиме можности

- Ќе има мало зголемување на данокот, мора да бидеме во чекор со потребите на армијата и војните во спротивно ќе мора да ги трошиме резервите

- Тим од доброволци кои ќе ги следат продажните цени на нашиот пазар

- Јавни набавски на намирници за потребите на армијата и планско следенње на потребите

- Поддршка на послабите играчи


3. Министерство за финансии - Еднаш неделно ќе има извештај за потрошените пари, секој денар ќе се знае каде оди !

4. Министерство за надворешни работи - Дефинитивно остануваме посветени на ОНЕ. Ова министерство ќе го водат искусни луѓе кој веќе биле на оваа функција. Ќе ги подобруваме односите со сите наши сојузници

5. Министерство за информации - ова министерство ќе биде активно како и досега, редовно ќе објавува статии и интервјуа.

6. Министерство за образование - исто така и ова министерство ќе биде активно, ќе има напишано нови туторијали.

7. Министерство за здравство - Ќе продолжи да работи со полна пареа. Сите играчи со под 2000 сила редовно ќе добиваат по 300-400 health.

Ова накратко се само дел од моите идеи, кои ќе не мотивираат мене и мојот тим од министри да работиме напорно и деноноќно, за една цел МАКЕДОНИЈА! Чесната работа трудот кој ќе го вложиме нема да остане незабележан од јавноста, и нема да остане ненаграден од граѓаните, бидејќи сите ќе ја почуствуваат работата на тим од чесни луѓе. Во следната статија очекувајте го и тимот со кој планирам да настапам на овие избори и да ја раководам државата.

Поздрав да живее МАКЕДОНИЈА!!!