ВИСТИНА Е (1 ДЕЛ)

Day 1,309, 05:56 Published in North Macedonia North Macedonia by kiko 11

ВИСТИНА Е...

1.Пирамидите во Египет имаат рамни страни, но не сите пирамиди изградедни во минатото изгледале исто. Некои од нив изгледале како низа од скали, односно страните им биле скалести. Тие пирамиди биле наречени скалести или зигурати.

Најпознат зигурат од Стариот Свет е во Сумерија градот Ур, кои биле изградени 2100 години п.н.е. Изграден од блокови сушени на сонце. Граден се со седум нивоа, така што долното ниво било поголем од следното. Така овој Зигурат имал облик на „свадбена торта“.

Зигуратот од градот Ур бил околу 50м висок и зафаќал површина поголема од 2800 м2. На врвот на градбата имало маса за божицата на Месечината, Нана, која требало да ја посети оваа градба кога се симнувала на Земјата.

Секој скала од трите предни скалишта на Зигиратот во Ур го носеле името на Вавилонскиот крал!

2.Во преткамбриумот и палеозоикот Индискиот Потконтинент бил дел од Гондвана - јужниот праконтинент, што од северниот континент Лауразија ги одвојувало морето Тетис. Пред 210 милиони години Гондвана се поделила на два дела. Индискиот Праконтинент со Австралија и Антарктикот биле дел од Западна Гондвана. Пред 130 милиони години помеѓу Индија и Австралија (и Антарктикот) се создал Јужноиндискиот Океан. Индија пред 84 милиони години со брзина од 16см годишно почнала да се поместува кон север и по 6000км, пред 52 милиони години, се судрила со Евроазиската литосферна плоча. Оттогаш поместувањето кон север било побавно, иако Индиската литосферна плоча се уште се поместува со неочекувана брзина од 2 до 5 см годишно. До денес таа како клин е навлезена во Евроазија речиси 2500км. Притоа дел од Индискиот потконтинент потонал и е навлезен под Тибет, а над 1000 км од кората е набрана и набиена. Хималаите сеуште се извишуваат со брзина од 5 мм годишно, поради што таа област геолошки е немирна, а често има и силни земјотреси.

Врвови кои се високи над 8000м:
На Хималаите и Каракорум се наоѓаат 96 од 100 највисоки планински врвови во светот.

Монт Еверест (Непал, 1953г) 8850м
К2 (Пакистан, 1954г) 8611м
Кангченџунга (Непал, 1955 г.) 8598м
Лоце (Непал 1956 г.) 8516м
Макалу (Непал 1955 г.) 8463м
Даулагири (Непал 1960 г.) 8167м
Манаслу (Непал 1956 г.) 8156м
ЧО Оју (Непал 1954 г.) 8153м
Нанга Парбат (Пакистан 1953 г.) 8125м
Анапурна (Непал 1950 г.) 8091м
Гашербрум 1 (Пакистан 1958 г.)
Брод Пик (Пакистан 1957 г.) 8047м
Сиша Пангма (Кина 1964 г.) 8046м
Гашербрум 2 (Пакистан 1956 г.) 8035м

3.Седумте римски рида источно од Тибар се дел од срцето на Рим. Седумте рида на антички Рим биле: Cermalus, Cispius, Fagutal, Oppius, Palatium, Sucusa и Velia. Тие често пати се споменуваат во римската митологија, религија и политика. Се смета дека првобитниот Рим го изградил Ромул на ридот Палатин (Collis Palatinus). Останатите шест од седумте рида на подоцнежниот Рим се Авентин (Collis Aventinus), Капитол (Collis Capitolinus), Квиринал (Collis Quirinalis), Виминал (Collis Viminalis), Есквилин (Collis Esquilinus) и Целиан (Collis Caelius).

Во почеток на седумте рида имало неколку населби кои не се сметале за дел од градот Рим. Жителите на овие ридови почнале да учествуваат во религиозни игри и така почнале да се организираат. Градот Рим настанал со здружување на овие одделни населби и сушење на мочварното земјиште во долината меѓу ридовите, претварајќи го во пазари и форуми.

Денес познатиот Ватикански Рид (италијански: Vaticano, од латинскиот: Collis Vaticanus) е северозападно од Тибар и не е дел од седумте рида на Рим. Исто така ни ридот Пинцијан (италијански: Pincio, од латинскиот: Mons Pincius), на север, и Јаникулум (италијански: Gianicolo, од латинскиот: Ianiculum), на запад, не се сметаат во седумте рида.

Од седумте рида на доцнежен Рим, пет од нив (Авентин, Целијан, Есквилин, Квиринал и Виминал) се населени подрачја со споменици, згради и паркови, Капитол денес е седиште на општината Рим, а Палатин е археолошко подрачје.