Собиранка во Скопје 07.10.2011 (годишнина од постоењето на еМакедонија)

Day 1,418, 13:33 Published in North Macedonia Indonesia by KocoskiMKD

Здраво Македонци!

Имам чест да ја напишам оваа статија и да ви представам дел од атмосферата и незаборавните моменти на собиранката(прославата за годишнината од постоењето на МАКЕДОНИЈА на еРепублик).


Најпрвин се собиравме во Маниа кафулето во Аеродром каде бате Ване сите не пречека,лека полека кој поединечно кој групно си се собравме во поголем број.

Лаф-Муабет Се запивме сите (кој повеке, кој помалку) па така опуштено се изнасмеавме така што времето многу брзо ни помина,се додека не дојде еден господин од Chaos(со шишето во рака,едва на нозе стоеше😃) да не потсети дека останатите не чекаат на плоштад!(па време е да одиме)

По наредба на ПреЦедникот го напуштивме локалот и по маршута се упативме на плоштад😃
На плоштадот не чекаа останатите колеги со кои се поздравивме си помуабетивме и направивме заедничка фотографија пред фонтаната Александар Македонски...

после тоа сите заедно се упативме во EGO кафичот каде и ја крунисавме оваа прослава!

Таму пак се кажуваа стратегии и планови, како и што понатаму... останавме до доцните вечерни часови каде малку по малку се разотидовме.

i za kraj pozdrav do Volcite i Volcicata 😃😃


Shout: Godina od eMakedonija(sliki)
http://www.erepublik.com/en/article/-07-10-2011--1878286/1/20