[КОНГРЕС] ИТНО соопштение до јавноста (07/01/2011) + ареа за дебата

Day 1,144, 08:08 Published in North Macedonia North Macedonia by PhoenixMK

Почитувани,

На ден петок, 07.01.2011та година, во 16,90h се одржа итна конгресменска седница на која учествуваше и поранешниот македонски министер за економија lazarosaMKD.

Наскоро, Македонија за прв пат ќе стапи во воен конфликт. Државата има направено залихи на храна и оружје, но бидејки нивната побарувачка во состојба на војна е многукратно зголемена и направените залихи можат да се покажат незадоволителни бидејки не може да се предвиди колку ќе трае војната, Конгресот по предлог на lazarosaMKD и согласно начелото на итност, на гласање ги поднесе:

Измената на законот за такси: Намалување на таксата за увоз на храна на 10%
Предлагач: dzadzev
Статус: Гласањето е во тек

Измената на законот за такси: Намалување на таксата за увоз на оружје на 10%
Предлагач: PhoenixMK
Статус: Гласањето е во тек

МЕСТО ЗА ДЕБАТА

Конгресменскиот тим Ви ги честита Божиќните празници. Да имате многу бериќетна година.

Ваш
PhoenixMK , заменик претседател на Конгресот.