Интервју со volk 1975 херојот на новото време

Day 2,106, 06:56 Published in North Macedonia North Macedonia by VardarEgejPirinMacedonia

Секогаш им давам признание и почит на играчи кои дале голем придонес за еМакедонија, денес гостин ни е Херојот на новото време volk 1975

Играш скоро една година, дали предходно имаш играно еРепаблик ?
volk 1975 :Пред се благодарам што ја добив честа да бидам дел од твојот весник.Според мене еден од најдобрите кај нас. Никогаш предходно не сум ја играл еРепаблик.

Од анонимус стана херој и за момент ги засени нашите познати борци, со тоа дека потроши 300 евра за ослободување на еМакедонија, кажи ни повеќе за тоа, за какви чуства си имал додека си мавал, какви беа реакциите кои ги добиваше од останатите играчи, доловини ги тие моменти ?
volk 1975 :Лично не се осеќам како никаков херој. Барем не затоа што сум дал одредена сума на пари. Херој во играта моментално за мене ќе биде оној што ќе успее да ја донесе повторно емакедонија на картата. Чуствувам чест и должноста секогаш кога ќе сум во можност да застанам на браникот на одбрана на Македонецот и Македонштината како во РЛ 2001 така и овде на игра.

Планираш да продложиш и во иднина по патот кој го започна, да станеш херој на новото време ?
volk 1975 :Да планирам да сум тука и понатаму. Барем додека времето што го имам ми го дозволува тоа.

Кое е твоето мислење генерално за политичката состојба ?
volk 1975 :Единствено нешто што ме нервира е што некој поединци и медиуми упорно пробуваат да прикажат дека кај нас имало некаква власт и опозиција. Ало луѓе па ние четири месеци немаме држава ! Целиот наш капацитет треба да го ставиме сите зедно на маса и да го одбереме она што е најдобро за нас во моментов. Дојдовме во ситуација никој од поискусните играчи да несака да се кандидира за Претседател.

Дали членувањето во Macedonian Army е единствениот начин да се ослободи еМакедонија и дали тоа е еднината на војувањето во смисла на организацијата ?
volk 1975 :МА е една од подобрите работи што се случија кај нас во последно време. Од друга страна јас не сум за само една единица . Организацијата и кординацијата меѓу единиците секогаш може да се подобри. Стратегијата на војувањето е широка област каде што секогаш можеме да се подобруваме. Една од подобрите работи беа на пример одредени единици добиваа специјални задачи во одредени битки, но исто така одредени единици држеа цели битки во D1,D2,D3 и.т.н....

Каде се гледаш во иднина, како претседател или војник ?
volk 1975 : Пред се како војник за Цреп треба многу време : )

По колку часа дневно играш еРепублик ?
volk 1975 :ависи од обврските, има денови кога сум по неколку часа.

Дали ова е твоето мото : Волкот можеби не е јак како лав или мечка, ама затоа никогаш не игра во циркуз ?
volk 1975 :Да тоа е едно од оние ствари што ме движат во животот. Во превод не дозволувај никој никогаш да си игра со тебе и да гази преку твоето достоинство. Па и по цена на животот.

Кој е volk одкако ќе стисне Logout ?
volk 1975 :Оженет човек со две деца 6и 4 години. Животот ме натера да живеам последниве осум години надвор од Македонија. Уште не сум се помирил со тоа, затоа носталгијата ја лечам преку играва : )

Порака до читателите ?
volk 1975 :Место да давам порака ги замолувам сите да го погледнат спотот каде се е кажано. Поздрав !
Со Срце за МАКЕДОНИЈА !

Сите интервјуа можете да ги погледнете тука.



Интервју со volk 1975
http://www.erepublik.com/en/article/-volk-1975--2310698/1/20

Интервју со херојот на новото време
http://www.erepublik.com/en/article/-volk-1975--2310698/1/20