Ексклузивно: Интервју со United Macedonia

Day 1,378, 06:48 Published in North Macedonia North Macedonia by VardarEgejPirinMacedonia

Претседател,Министер,Амбасадор и тоа се по неколку пати има направено безброј интервјуа повеќето играчи знаат се за него така да ова интервју повеќе ќе биде за политичката состојба во еМакедонија.

Зошто се повлече од политичката сцена ?
United Macedonia :Не сум се повлекол скроз иако не планирам во блиско време да бидам во првите редови како водач на партија, држава или нешто слично помина тоа време.. за работа во влада да помогнам никогаш не сум се откажал само и не ги прифаќам сите понуди за такво место - не планирам да влегувам тимови во кои некои ќе се трудат и работат а други ништо нема да прават важно ќе го држат тоа место да не дојде некој трет што сака да работи.

Очигледно е дека Македонија се наоѓа во криза со секој претседател , како и во реалноста така и тука,ќе поминат изборите и неколку дена ќе функционира се и потоа пак се прородолжува по старо,не се дели рефунд,исчезнало државно злато,губиме територии,претседателот никаде го нема,што би превзел ти доколку сега би си се кандидирал за претседател впрочем што би му препорачал на новиот претседател ?
United Macedonia : Избалансираност да прави помеѓу себе, да биде умерен пред се и со цврста воља.. и најбитно да не се препукува со народот како претседател и да биде искрен и редовен во своите извештаи. Најбитно е да превземе одговорност за било што негативно што се случува во неговиот мандат но истото да го признае, верувајте ова е игра но сите ја ценат искреноста.. и баш оти е игра ако признае дека згрешил секој ќе му прости но да насочува вина кон други со цел да да ја избегне одговорноста е лош знак за претседател.

Што ќе кажеш за Кандидатура за претседател на Don Tas
United Macedonia :На прв поглед изгледа добро, се двоумев помеѓу него и Демигод сепак ќе го изберам Дон Тас зошто верувам ќе склопи подобар тим и има искуство од реална политика која верувам ќе му послужи и тука да избалансира некои работи. Плус имав неколку разговори со него ми изгледа за сериозен човек.

Од ОеМ па во MRDLjS , и по статијата на Струмјанин дека ОеМ треба да се рсаформира како партија и дека го изгубила сјајот дали се согласуваш со него и зошто се префрли во MRDLjS ?
United Macedonia : Нема да судам дали треба да се расформира или не важно партијата е мртва безразлика што ќе прави, го изгуби сјајот поради тоа што едни исти ја водеа и притоа воопшто не се ангажираа за неа.. ништо не останува доколку не се работи на него и одржува.
Се префрлив затоа што очигледно во ОеМ на никој не му се работеше да ја подобри ситуацијата, се избираа конгресмени ако си му пријател на претседателот и притоа нема врска дали предходно 5 пати си бил конгресмен.. претседател се избираше на сличен начин и затоа ја напуштив и притоа преминав во MRDLjS од каде што пред да се зачленав запознав сосема коректни луѓе.

Како е да се биде дел од MTO NationaL ForcE ?
United Macedonia : Не дека се фалам али досега најдобра единица во која сум бил низ овие 2+ години, атмосферата е одлична се прави муабет за сосема релаксирани теми а не за политички игри и намештаљки.

Кога ќе слушнеш еРепаблик на што прво те потсетува ?
United Macedonia : На Македонија нормално 😃

Кој моменти ти оставиле најголем впечаток ?
United Macedonia : Додавањето на државата, првата војна со Грција, првите избори и одбраната на Македонија од ПТО, кога станав претседател и кога на Бугарите им го одбија ветото на Македонија за влез во Феникс и ние испаднавме како победници.

Со кого од играва се спријатели ?
United Macedonia :Виртуелно со многу луѓе, а во реален живот со 20тина луѓе од кои добар дел се Велешани.

До кога планираш да играш еРепаблик ?
United Macedonia :До кога ќе имам време за истата, кога ќе немам и обврските ќе ме притиснат - чао пријатно.

Што правиш кога не играш еРепаблик?
United Macedonia :Школо, летно време базент/езеро/море, фудбал, возење велосипед, ps2, шетање, форуми итн ..

Што филмови гледаш и каква музика слушаш ?
United Macedonia :Не гледам филмови многу но претежно кога гледам комедија или документарци пред се за историски настани а од музика слушам рап ..

Како ти помина одморот ?
United Macedonia :Жешко но сепак добро се одморив и сега спремен со нови сили 🙂