[МНР МК] Отчет за сработеното до 13.06 + дополнителни објаснувања

Day 1,301, 05:17 Published in North Macedonia North Macedonia by MNR Makedonija


Отчет за сработеното од 3.06. - 13.06. со дополнително објаснување

1. Продолжени МПП-а со:

- Шведска http://www.erepublik.com/en/Republic-of-Macedonia-FYROM/law/75777 > задолжителни
- Унгарија http://www.erepublik.com/en/Republic-of-Macedonia-FYROM/law/75894
- Србија http://www.erepublik.com/en/Republic-of-Macedonia-FYROM/law/75970
- Полска http://www.erepublik.com/en/Republic-of-Macedonia-FYROM/law/75485

- Кипар http://www.erepublik.com/en/Republic-of-Macedonia-FYROM/law/75542 - За прв пат се воспостави контакт на официјално ниво со претходно непријателска земја (со која имаме 7 месечно трговско ембарго) и соработувавме за ослободување на Средниот Исток. Иако првично не сакаа МПП поради страв од грчка инвазија (и тие се вклучени во договорот меѓу Грција-Турција) сепак на крај тие самите пуштија предлог. Соработката се одвива на максимално ниво.
- Естонија http://www.erepublik.com/en/Republic-of-Macedonia-FYROM/law/75853 > докажаа во повеќе наврати дека се прави сојузници. Естонците се многу задоволни од соработката со Македонија
- Словенија http://www.erepublik.com/en/Republic-of-Macedonia-FYROM/law/75906 > стар сојузник, тивка земја но игра навистина паметно. Едни од најприсутните во нашите војни
- Мексико http://www.erepublik.com/en/Republic-of-Macedonia-FYROM/law/75677 >оние кои сметаат дека ова МПП е чисто фрлање пари навистина грешат. Секоја помош без разлика во колкав обем е секогаш добредојдена особено во вечерните часови. Нивни играчи се присутни и во топ5 во битките
- Чехословачка (Словачка) http://www.erepublik.com/en/Republic-of-Macedonia-FYROM/law/75637 > на нивна иницијатива прв пат потпишавме и го обновивме. Имаат феноменална стратешка позиција. Зборев со нив дали се подготвени да ни изнајмат регион со елени и истото беше потврдно прифатено но ситуацијата моментално не ни дозволува да стигниме до тој регион.
- Црна Гора - http://www.erepublik.com/en/Republic-of-Macedonia-FYROM/law/75601 - нашето младо братче е повторно на мапата и потенцијална членка на ONE. Се обидуваат да направат бејби бум
- Нов Зеланд - http://www.erepublik.com/en/Republic-of-Macedonia-FYROM/law/76034 - Потпишавме МПП со оваа мала но надежна земја за да им помогнеме во војната против Аргентина и Чиле. Никој не е свесен колку штета можат да направат играчите на оваа земја која игра навистина повлечено. Особено важно МПП за нас со оглед временската зона
- Изгубивме МПП со Иран поради нивниот напад врз Саудиска Арабија

2. Се појавија компликации со Иран. Не е тајна дека новото раководство е особено "кренато во облаци" од успесите на Иран па лакомоста за повеќе ги натера да тргнат во потрага по ресурси...кај братските земји. Иако првично побарале дозвола од Кина (со нив имаат тренинг војна) да земат крави од Индија, овие ги одбиле. Другата алтернатива била напад врз Саудиска Арабија и Египет но, на патот пречи и Македонија со регионот Red Sea Coast. Иако претходно известени дека МК е против секаква војна меѓу овие земји и напад врз штотуку ослободениот Египет, Иран пушти закон за природен непријател а се правдаа дека и нашиот Претседател се согласил. Се собравме на нашиот МоФа канал претставници од Македонија, Египет, Иран, Кипар и Саудиска Арабија каде во напната ситуација Иранците си го добија заслуженото. Уште повеќе ја зацрвстивме нашата позиција дури и предложивме да не нападнат ако ресурс им е поважен од сојузот. Во меѓувреме, Кипар и С. Арабија го предложуваат Иран за НЕ. Засега се надминаа недоразбирањата меѓу Иран и Македонија, МПП повторно ќе има но ваков втор кикс нема да им го простиме.

3. Со оглед збрките кои настанаа, се свика состанок на иницијатива на Србија каде учествуваа сите горенаведени земји за да се надминат проблемите но како за инает уште повеќе се заостри ситуацијата. Причината е што Иран предложувајки ја С.Арабија како НЕ требаше да го нападни Табук, стратешки регион кој дава граница со Кипар (кои имаа претходно претензии кон тој регион) и со Македонија. Кипар исто така ја прогласува С.Арабија за НЕ со цел да го приграби Табук пред Иран. Иранците сметаат дека тоа не било фер и дека се изиграни други пак тврдат сосема друго. Јас PhoenixMK се јавив како медијатор меѓу овие земји и Саудиска Арабија со цел што побрзо да се отстранат проблемите и да се договорат. Засега добивам позитивни сигнали но се е можно т.е. да тргни работата наопаку.

4. За жал, со паѓањето на Долен Египет ни се сруши мостот кон ресурсите таму па преминавме кон ослободување на некои региони од тој мост како Табук. Египетските и Арапските региони никогаш не ни биле приоритет. Овие земји се про-ОНЕ настроени и не е важна нивната сила. Почитта кон Македонија во овие две земји е на големо ниво, тоа не прави силни. Останатите региони во Средниот Исток засега остануваат под контрола на Македонија и не ги враќаме.

5. Околу Апулија, планот веќе одамна беше објавен (но кој се помачил да прочита овде). Планот Б (Србија прави блокада на Хрватска со превземање на Апулија и евентуално Молисе на привремен временски период) требаше да се активира во случај на продирање на Хрватска на Апенинскиот Полуостров и доколку војната со Хрватска особено не кочи кон освојувањето на останатите грчки региони. Со два фронта и доста силни противници а борбите со грците се повеќе отежнуваа и поради тоа нон стоп бевме во потрага по странска помош за да победиме во многубројните востанија (во една ситуација победивме во 8:8 битки). Да не беше Хрватска, Грција веќе одамна ќе беше избришана. Затоа пристапивме кон таа стратегија, воедно стратегија и на ОНЕ и се сконцентриравме на еден фронт. Не сме сами во сојузот, без сојузниците не ќе го постигневме ова што го имаме денес. Се надевам сега ви е јасно зошто моравме вака да реагираме.

6. Грчкиот Претседател дојде да преговара за мир со нас, но некако подоцна се предомисли и си замина 😃 Гордите Грци паднаа на колена и се понижија да дојдат да ни кажат дека ако постигнеме мир, тоа ќе биде најдоброто нешто што им се случило во играва досега.

7. Словенците со апсолутна промена на надворешната политика кон Швајцарија побараа размена на швајцарските територии со крави со цел да стигнат до Франција и да ги нападнат но ги одбивме (бар засега). Не сакаме повторно сценарио како порано кога велеа дека ќе ја нападнат Франција плус со оглед на моменталната ситуација нови востанија и природни непријатели дополнително не ни требаат.

8. Да се надеваме дека денес успешно ќе ја завршиме речиси едномесечната кампања и Тракија ќе падне. Ова ќе биде многу тесна битка. Откако ќе завршиме со Грција ќе видиме каде ќе се ориентираме, дали на мала пауза, дали ќе го оствариме тоа со Словенија или пак ќе тргнеме на исток каде имаме долгови за враќање 😃

Ваш
PhoenixMK
МНР Македонија