еМакедонија има капацитет да војува сама против сите

Day 1,313, 08:03 Published in North Macedonia North Macedonia by sarmetina


Додека се циганчиме за гласови, непријателите добиваат битки и ни ја расипуваат перфектната статистика.


Долго време не сум играл eRepublik а откако добив и казнени поени поради банални причини, се ставив во 2 клик мод.
Долго време не следев никакви статистики, војни, економија... ништо... па денешниов преглед ме изненади.
Денеска се уверив дека еМакедонија е способна сама да војува на 4 фронта против цел противнички сојуз (кој не знам сега ни како се вика)
Трошејќи ги оние 600 здравје кои ми следуваат на секои 6 саати, видов дека во сите битки ние си се бориме исклучиво сами. Ниту еден играч од сојузите веќе не се троши во еМакедонија, бидејќи за кратко време станавме вистинска есила.
Голема улога тука имаат и нашите супер-тенкови кои прават огромни штети.
Овој нашиот тенк Шимекс се бори практично 1:1 со Ромпер во Италија.
Удираат исто така јако уште неколку играчи во Грција... но она што радува е фактот дека сите тие се еМакедонци. Никој од сојузниците не се вклучува во војната на наша страна, и тоа навистина позитивно ме изненади. Толку сум задоволен од овој податок, што решив, после подолго време, да напишам статија...

Нема да ја ширам... ја сфативте поената...