[МНР Македонија] Македонија останува сојузник со Арапските земји

Day 1,294, 04:20 Published in North Macedonia North Macedonia by MNR Makedonija


Почитувани

Вчера се појави политичка криза во Египет и директно беше направен обид да се разниши македонското пријателство со арапските земји.

По двочасовен разговор со најистакнатите играчи во Египет и подоцна со потврден одговор од страна на македонскиот Амбасадор во Египет Sun Warrior се стигна до краен заклучок дека е извршена анти-египетска пропаганда од страна на хрватски играчи кои престојуваат во Египет од самото појавување на оваа земја во Новиот Свет и обид во стилот на "добар полицаец" да се расипаат дипломатските односи со оваа земја. Причината лежи во тоа што на египетскиот чет канал #eegypt стоело топик "Помогни и на Македонија против Хрватска" што веројатно ги испровоцирало но и про-ONE ориентацијата на сегашниот египетски Претседател Varlosh и тоа не е прв обид да му ја нарушат репутацијата.

Хрватскиот играч Ante-os на големо во последниве неколку дена пишува "Hail Macedonia" но стави и аватар со македонското знаме. Вчера овој играч објави статија преку својот весник каде ги нападна египетските играчи и и препорача на Македонија да не помага повеќе и да не го ослободува последниот регион бидејки ни се исмевале и не навредувале. Иако јас и амбасадорот побаравме доказни материјали, не беше пратено ништо. Статијата е избришана.

Подоцна од египетскиот Претседател во заминување излезе контра реплика плус во разговорот со нив ми беше испратен дел од конверзацијата на чет каналот.

Според логиката на нештата, станува збор за добро организирана пропаганда. Не е тајна дека Египет е населен од мнозина Хрвати и кои помагаа таму на ист начин како што во почетоците на Македонија и помогнаа Лазократите.

Арапските земји остануваaт верни пријатели и сојузници на Македонија. Сепак, таму престојуваат и многу играчи од спротивниот табор и не ретко има провокации кон македонските играчи од нивна страна. Игнорирајте ги троловите, баш како да не постојат.

Апелираме до Вас, граѓани на еМакедонија никогаш да не избрзувате со заклучоци во вакви ситуации барем додека не се разреши настанатиот проблем на официјално ниво т.е. меѓу раководството на земјите. Познати сме по тоа што лесно избувнуваме, во повеќето случаи своеглаво, без претходно информирање и оправдана причина што директно влијае на имиџот на останатите македонски играчи и на Македонија во целост. Никогаш самоиницијативно не носете одлуки и заклучоци во името на македонскиот народ за било што. Тоа мислење е само Ваше, не и на останатите се додека истите не се согласат со Вашето мислење.

Како што повеќето знаете, новиот Претседател на еМакедонија е DedaNoe. Министри за надворешни работи остануваат PhoenixMK и Ivan Vancho Makedonski , потоа Drashhh_III_Makedonski и United Macedonia, ветераните во македонската дипломатија а како ново засилување доаѓа brsja4e.

Принципот на работа и надворешната политика останува иста. Прочитете го отчетот за сработеното на МНР за изминатиот месец овде.

Со почит
PhoenixMK
МНР Македонија