Интервју со PhoenixMK

Day 1,659, 11:26 Published in North Macedonia North Macedonia by VardarEgejPirinMacedonia

Нема многу што да се каже за него освен тоа дека е член во сите влади, кога фигурира како министер или заменик министер, кога како советник денес лично тој ќе ни открие повеќе работи во врска со неговите функции.

Министер за обрзаование во два мандати, според мене беше во кључниот период на еМакедонија повеќе то статии се напишани од тебе за тоа како функционира системот а со тоа беше еден од битните играчи во тој период, дали знаеш колку статии си напишал, дали има некоја статија која ти оставила посебен впечаток, и каква улога има по важност министерот за образование или учителот како што велиш ти ?
PhoenixMK :Да, во јануари 2011 кога беше вториот бејбибум и во февруари истата година. Моите учителски денови започнуваат со оваа статија а завршуваат 90 дена подоцна (бев и помошник и советник еден месец). Особено најмил ми е почетниот туторијал кој многупати беше реобјавуван и обновуван.
Образованието на новите играчи е доста клучен фактор бидејки без свежа крв земјата е осудена на пропаст. Запознавањето на истите со механизмите на играта е пресуден фактор да новите играчи останат во играта. Тоа го правев активно два месеци но и понатаму. За едвај 60 дена сам изработив преку 20 детални туторијали, испишав сигурно преку 1000 пораки на новодојденци како и други луѓе кои помагаа на каналот за нови играчи а во вториот мандат имав и помошници и го формирав ОЦМ (Образовен центар на МК). Да не зборам на колку прашања секојдневно сум одговарал. Жал ми е што министерството денес е буквално пропаднато а највеќе носталгија и спомени во играва ме врзуваат токму со ова министерство. Тогаш МзО не беше “долна” класа туку рамо до рамо со МоД и МоФА и можеби најактивно министерство.


Пет кратен министер за надворешни работи, бидејќи си компетентен кажи ни повеќе во врска со таа работа, кој се твојте обврски ?
PhoenixMK :Според мене МоФА-та и МоД-от се крвотокот на политиката. Без добар тим во овие две министерства ниту еден Претседател не би бил успешен. МоФА-та во многу случаи е далеку поактивна од сите останати. МоФА-та надворешно ја претставува земјата, ја креира сликата за истата, комуницира со сојузниците и противниците, учествува при изработката на стратегии на внатрешен и надворешен план а да не збориме за правење далавери кој е најинтересниот дел 😃.
Моите обврски се: редовна комуникација со сојузници и други, организирање и учество на состаноци, следење на дипломатските случувања во Новиот Свет, известување на Претседателот, Владата за случувањата кои ја засегаат МК , информирање на јавноста и помошни дејствија. Пред се МоФА-та активно мора да се заложи да ги отстрани евентуалните спорни и конфликтни ситуации односно да ги реши истите во најбрз можен период и да навремено спречи настанување на слични такви околности.


Какви обврски има функцијата советник со оглед на тоа си бил шест пати ?
PhoenixMK :Па од мандатот на ДедаНое натаму постојано ме бараат да ја извршувам функцијата МоФА но бидејки одбивав активна и одговорна функција бев поставуван за советник било на ниво на МоФА било на ниво на Влада односно во Академијата. Советник не е одговорна функција и имам право само да учествувам во дебати и со тоа да му помогнам на Претседателот при донесувањето на конечна одлука.

Постојано си на функција си на функција, и секогаш си меѓу битните но никогаш најбитен, зошто не се имаш кандидирано за претседател ?
PhoenixMK :Да бидам искрен, планирав да се кандидирам за Претседател после третиот мандат на Струмјанин (кој и доста ме убедуваше да го сторам тоа) но гледајки колку трудот не се ценеше во МК , саботажите и особено плукањата без основ ме натераа да се предомислам, дека не вредат потрошените нерви и време. Сепак, научив едно златно правило: Работи си како знаеш и умееш ако свесно, чесно и со волја работиш за мнозинството. На сите не можеш да погодиш и истото им го кажувам на другите кои се кандидираат за CP. Се вратив во политиката пред се поради РЛ пријателството, за луѓе кои умеат да ценат и помогнат. Не ја исклучувам можноста некој ден да се кандидирам но веќе го немам слободното време како порано, ниту сум активен како порано. Засега немам амбиции.

По се на крај ќе излезе дека ти си најголемиот медар во еМакедонија 🙂тринаесет пати до сега си бил на функција тоа е некој вид на рекорд ?
PhoenixMK :Неееее, јас медар? Ако сум АрМакедонец значи ли дека сум медар? 😛
Алооооо, уште чекам заостанатите плати да ми ги дадат само чич Аексил Конг ми даде некој точак љ6 колку да ме прелажи 😃 Плус тоа, во министерствата кај што бев никогаш не се слеваа пари за жал, нити на министерствата имаше злато за да го украдеш 😃
Еднаш бев конгресмен, и седум пати министер така да се на се сум бил 8 пати на функција што и не е многу нити рекордно. Сепак го држам рекордот x5 главен Министер за надворешни работи на МК.


Беше во влади каде што се случуваа разни скандали, нешто што се случило во минатото а си бил сведок, доколку би сакал да споделиш со нас нешто што не знаеме ?
PhoenixMK :Ах тоа пусто 13к, 15к, 17к па и 19к злато на Драш и Ванчо, вечната дилема. Toa ми е омилена тема а верувам и на секој еМакедонец. Не ми дадоа од пленот ни за q5ka, скржави егејци : /
Ах таа пуста Апулија што Струмјанин и ДедаНое ја “продадоа”....се крена толку голема врева. Потполно истото се случи и во мандатот на Аексил Конг само ја немаше таа бука и плукање што беше доста чудно (можеби се исплашија од Конг кој беше прцашки расположен) со оглед на тоа што повторно губевме ресурси па се виде дека целата таа галама што беше глупост.
Кај сум јас, таму ја нема Апулија 😛


Долго време си тука кој период од еМакедонија според тебе беше најдобар и зошто ?
PhoenixMK :Дефинитивно најомилен период ми е кога се случи вториот бејбибум. Времето на играва буквално леташе, не можевме да се одлепиме од компјутер. Зезања до бескрај, смеење до солзи на #emkd и статиите, камиказите, се чудевме на лазароса кога тенкаше 500к во битка...тоа беше игра, молевме за лепчиња и тенкчиња, имавме само 20 слободни полиња во магазин и 300 ff а не сега ова срање или поубаво речено ШИТ од игра. Тој период ми е најносталгичен и редовно си ги читам бисерите кои ги објавив тогаш за да се потсетам на старите добри времиња.

Со кого највеќе комуницираш од играва, и ќе споделиш ли со нас нејсмешен момент што ти се случил ?
PhoenixMK :Па стандардно највеќе со членови на АрМакедон, ХАВУЗ, МТО и други други други... редовно идев на собиранките лани па и сега кога сум во можност прв сум нацртен таму особено во кафана 😃 РЛ дружбата е најубавото нешто што ми се случило во оваа игра и поради тоа и сеуште ја играм истата.
Па... за најинтересен момент... имаше една случка непосредно по завршувањето на мојата учителска функција.Новодојденците наместо на тогашните министри за образование продолжуваа мене да ме спамираат со прашања. Не беше проблем се до еден ден кој во РЛ не ми беше погоден, плус спамот, ми се споија жичките и пукнав! Пуштив шаут да не ми пишуваат. Се случи ова ......... Уште повеќе ме испамираа.. Придонес за тоа особено дадоа Strumjanin, Maya & United Macedonia па за тоа вечно ќе си имаат вересија кај мене.


Кажи ни какво значење има името PhoenixMK ?
PhoenixMK : Вака сега, јас започнав да ја играм играва прв пат во 2009 година. Се еРодив со Ванчо во еБугарија, постарите играчи ме помнат меѓутоа набрзо ја напуштив играта. Откако ја додадоа еМК на мапа Ванчо ми се закани дека ќе ме убие ако не се вратам а и другар ми Cyril of Macedon ме замоли да се вратам. Го бев заборавил меилот и лозинката па си направив нов, PhoenixMK. Фениксот ми е омилено митолошко суштество. Секогаш Фениксот го споредувам со Македонија бидејки Македонија после долгото ропство и неправдини се прероди, се издигна од пепелот. Друго, означува дека повторно се е-родив во играва, воскреснав. Немав појма дека имало сојуз Phoenix така да моето име воопшто нема врска со сојузот.

Музика,Филм и Хоби ?
PhoenixMK :Ги обожавам Продиџи, Феитлес и Линкин Парк. Додуша, слушам се освен турбофолк и чалги (ги слушам само во пијани моменти и добро друштво). Станав обожавател на Гулабица, значи слушам се. Омилени филмови ми се франчизите Господар на Прстените, Матрикс, Подземје и сум страстен љубител на хорор филмови само што во последно време се што е хорор е шит! Пливањето и прошетките по природа ми се најголемо хоби но и играњето Heroes of Might & Magic од III до VI дел.

Сите интервјуа можете да ги погледнете тука.



Интервју со PhoenixMK
http://www.erepublik.com/en/article/-phoenixmk-2052686/1/20

Интервју со Учителот
http://www.erepublik.com/en/article/-phoenixmk-2052686/1/20

Интервју со рекордерот по функции
http://www.erepublik.com/en/article/-phoenixmk-2052686/1/20