[BlackMK] Претседателска Кандидатура

Day 1,593, 08:27 Published in North Macedonia North Macedonia by BlackMK





Драги мои соиграчи

Дојде денот кога и јас конечно можам да се кандидирам за Претседател на нашата еМакедонска Држава. Дојде денот кога конечно решив да превземам некои работи во свои раце со оглед на тоа дека државата константо ни слабее.

Во мојот мандат ќе има промени, и тоа големи промени. Првенствено ќе пробаме да ја зајакнеме армијата како суштенствен фактор за одржување на ресурсите и добивање на дополнителни ресурси од кои што пак зависи другиот фактор за зајакнувањето а тоа е Економијата.

Во кратки црти ќе се залагам за интерно зајакнување на Македонија, поради тоа ќе ми треба поддршка од сите вас, поддршка за наше општо добро.

Заменик Претседател и Главен Советник ќе биде веќе искусниот don_tas, кој во своите два изминати мандата се покажа како еден од најдобри Македонски Претседатели воопшто.

Mинистерство за Здравство и Бебешки Развој: Makedonija ne Fyrom, Aliss Wonder. Со помош на колегите од владата ќе се организира Бејби Бум, што поголем тоа подобро. За новите бебиња ќе се отворат прифатилишта од страна на Министерството за Здравство кое што доби задолженија за прифаќање и понатамошно упатување и јакнење на бебињата. За таа намена ќе бидат одобрувани државни средства во зависнот од државните приходи.

Mинистерство за Економија: SaveAss. Министерството за Економија ќе работи максимално, имајќи за цел од Македонија да се направи нова Швајацарија.
Дел од програмата на Министерство за економија:

Овој мандат економскиот приоритет ќе биде поединецот – Јак поединец, јака заедница. Ќе пробаме позитивно да го истакнеме најдоброто во сите од вас.
Организирање на дијаспората економски и политички
Промовирање на Македонија како слободна економска зона
Систематско помгање на бебињата, наместо периодично како досега
Економски билтен – во соработка со Министерството за информирање
Акција за зголемување на производството на леб
Зголемување на соработката помеѓу нашите во дијаспората и бебињата
Формирање на независно финансиско тело со капитал од 50.000.000 мкд

Со комплетната агенда и целосните планови ќе излезе лично Министерот за Економија бидејќи во оваа статија немаме доволно место да го изнесеме сето она што го имаме замислено.
Програма на Министерство за Економија:
http://www.erepublik.com/en/article/-blackmk-saveass--1998420/1/20

Министерство За Надворешни Работи: Ast89, Lance of Longinus, Admiral Trench,Andrej.M. МоФа тимот кој што ќе ви го презентирам е искусен тим кој веќе работел во повеќе Влади и покажал солидни резултати. Тим од доверба, тим кој победува, тим за секоја влада. МоФите ќе бидат под директна моја команда и ќе имаат директна моја поддршка и можеби најголема помош. Ќе ни треба многу дипломатија за да создадеме услови за развој. А ова е тим што не се плаши од работа.
Програма на МНР
http://www.erepublik.com/en/article/-blackmk-admiraltrench--2000632/1/20

Министерство за Одбрана ( а богами и напад ) : MagiMaster ( Bubo, ), goodbeer, Romb0, DarkoDImovski1, Deutschlandius ( EzioAuditore ), Daco007. За организирањето на Армијата имаме тим кој што ветува многу и заедно со вашата помош Македонија може да има една од најдобро организираните Армии во целокупната еЗаедница. Рефунд системот мислам дека е добар и поради тоа нема да претрпи некои измени. Генералштабот ќе работи активно и ќе барам силна координација и соработка помеѓу сите воени единици. Доколку некој сака да помага во работата на ова Министерство слободно нека пише ингејм порака на MagiMaster.
Програма на Министерство за Одбрана
http://www.erepublik.com/en/article/-blackmk-magimaster--1998516/1/20

Министерство за Финансии: Bojan aka T-Mac и Hristijan Mitevski. Финансиите се дадени во рака на Демоните, по препорака на неколку играчи а и со моја лична поддршка Министрите за Финансии се избрани од таа единица.
Нивните задолженија ќе бидат да го контролираат целокупниот прилив и одлив на средства. Ќе се води евиденција за секој потрошен денар од државната каса. За тоа ќе се дава јавен отчет за финансиите еднаш неделно и еден целокупен на крајот на мандатот. Ни 1 Денар не смее да фали!!!!

Клучот од Банката освен јас ќе го има и darkan7 кој што ужива голема доверба кај мене. Човек на кој што можам секогаш да се потпрам кога ми е потребна помош и во играта и во РЖ. Човек кај кого парите се најсигурни.

Министерство за Информирање: BugsMoney , carmeto. Главниот Информатор и спамер ќе биде токму Багз ѕверот. Интелигентен дечко со високо развиено чувство за СПАМ 😃 . Токму таков каков што ни треба во владата, да ве спамира додека не го прочитате секое известување.


Се надевам дека со помош на мојот тим и пред се со Ваша помош ќе успеам да станам еМакедонски Претседател и конечно да ги остварам моите планови.
Планови за наше општо добро и заеднички интерес, Планови за силна и економски јака еМакедонија.

Со Почит Ваш,

BlackMK