Конгрес на Република еМакедонија

Day 1,295, 13:39 Published in North Macedonia North Macedonia by KepenciMKD


Како Конгресмен кој доби најмногу гласа на овие конгресни избори чувствувам должност да одговорам на статиите кои излегоа во јавност со обвинувања до Конгресот, исто така оваа статија е официјален став на активните Конгресмени кои редовно се присутни на сите состаноци и заседавања :



1. Во овој Конгрес решивме партиската припадност да не е на прво место, туку еМакедонија,
2. Има конгресен канал ( #kongresmkd ) на кој се поканети сите Конгресмени по добивањето на мандатот ( каналот е познат на сите Конгресмени )
3. За одобрување на државјанства формирана е посебна комисија која ги разгледува сите апликации
4. Дотичниот Конгресмен ( http://www.erepublik.com/en/citizen/profile/4131174 - v.mk - ) кој го издал државјанството НИКОГАШ, повторувам никогаш не присуствувал на ниту еден закажан состанок, нити бил некогаш online вклучен на конгресниот канал да се консултира или да предложи одобрување !
5. Сите активни Конгресмени секоја апликација за државјанство ја доставуваат до комисијата која одлучува дали да се одобри истото.
6. Ги повикувам јавно, сите Конгресмени кои добија мандат за овој месец, ДА БИДАТ присутни на конгресниот канал .

Дополнување : Ќе ве замолам без навреди кон v.mk дојде на канал и ја објасни ситуацијата и најверојатно одобреното државјанство е на Турчин а не на Грк.

*Толку во врска со одобрувањето на државјанството .



Сега за досегашната работа на овој Конгрес :

Избрани се Претседатели и Заменици на Конгресот уште првиот ден по добивањето на мандатот, а со цел да се покажи заедништвото на Македонците избрани се по тројца Претседатели и исто толку Заменици од партиите кои добија повеќе конгресмени, како и Комисија за доделување државјанства и Комисија за контрола на тек на финансиски средства од министерства и тоа...

Претседатели :
- Voix_of_macedonia
- mandanata
- Ninja
Заменици :
- SasPes
- Villa
- KepenciMKD
Комисија за доделување државјанство :
- KikoStefanovski
- eVladimir
- Darko Dimovski
Комисија за контрола на финансиски средства од министерства :
- SasPes
- p1pp
- rolerpro

Конгресот секојдневно носи закони со кои се префрлаат денарите, кои се собираат во државната каса од даноците, во НБРМ . ( * ова е единствен начин да се префрлат денарите кои се собираат на државна каса за после да се располага со нив !😉

Изгласавме промена на даноците на добивка кои беа намалени од 12% на 9% бидејќи сметавме, по состанокот со министерот за Економија, лазаросаМКД, дека од тие даноци се собираат и одповеќе денари на државна каса отколку што се потребни за дневните трошоци на еМакедонија.

Гласавме закони за потпишување на МПП со неколку нови земји, како и за обновување на тие што истекуваа.
Изгласавме трговски ембарга на земји кои се од непријателските алијанси.
Навремено изгласавме промена на Природен Непријател во моментот кога добивме граница со Хрватска и се закануваа со напад на нашите територии на Апенините .

Им Благодарам на сите Конгресмени за досегашната конструктивна работа и секако ги повикувам тие помалку активните да ни се приклучат на конгресниот канал .

Да живее Македонија о7

Со почит KepenciMKD