Играме воена игра или еФејсбук симулација???

Day 1,133, 05:04 Published in North Macedonia North Macedonia by Dashovski

Добар ден драги еМакедонци и еМакедонки

Демотивиран и разочаран од случувањата во оваа игра и случувањата во еМакедонија, решив да напишам уште една безначајна статија во нашиот еМакедонски медиумски простор.

За ситуацијата сме свесни сите ние помлади и постари играчи а денес целта ми е да ве замислам баш сите вие кои се пронаоѓате во "помладите играчи".
Реално гледано можеби и дури 90% од играчите кои дојдоа со бејбибумот пред 2 и кусур месеци, беа привлечени од зборовите "виртуелна војна" "обединување на Македонија" "Одбрани ја Македонија" или "помогни и на Македонија".
Но дали тоа се случува сето ова време додека сме тука?! На почетокот можеби беше таа еуфорија но сепак во сегашноста секој ден се повеќе и повеќе заличуваме на една фејсбук симулација каде што може да си користиме некои апликации за водење компании, каде можеме политички и меѓусебно лично да се препукуваме преку статуси итн итн.

Па добро бе, на што личи ова.И ова ли моравме да го усереме?!?
1. еМедиумскиот простор ни заликува на неатрактивен циркус каде што се актуелизираат : вицови, лично петелчење помеѓу 2 или повеќе особи а понекогаш се вмешуваат и групи, цицки (очај), тестирање (луѓе креираат статии за да тестираат како е па потоа како за инает не ги бришат), повторување на статии (copy/paste некреативност и алчност за медал) и други останати глупоштини во кои спаѓа и мојава статија.

2. еПолитиката ни заликува на игра во детска градинка за која постарите викаат од играчка на плачка.Постарите играчи (кои му одговараат на секој помлад кој ќе предложи или напише нешто со одговорот : бебе си ништо незнаеш) се препукуваат меѓу себе за кој да биде на власт, па како требало како не требало да прават они самите наместо да ни бидат пример на сите нас кои сме помлади.А не дека не се способни и дека немаат квалитет, баш напротив, тие го поседуваат сето тоа но моментално ги тресе некоја треска па збеснаа.Направете нешто корисно како што сте правеле порано, информирајте не, што се случува-што ќе се случува и што се случувало!!!

3.еЕкономијата да не ја чепнувам воопшто и само ќе кажам дека и таа е приказна за себе во која една група луѓе се натпреварува со друга група луѓе кој повеќе ќе заработи.Не дека сме во иста држава и не дека тоа се само виртуелни пари со кои треба заедно виртуелно да војуваме.
На крај да се вратам на темата...
Досадно е, од воената игра ништо не видовме ниту осетивме.Се бориме за други (Ок, се помага на пријатели), од права војна која националистички сите нас не засега ниту В не видовме.
Па дајте, затоа сме дојдени, за тоа не повикавте нели?
Се повеќе луѓе губиме, само последниве неколку дена 10 мои пријатели се откажаа од играва.Зошто?!Досадно им било, не сме напаѓале ниту сме нападнати а и во скоро време тоа нема да се случи.
Тоа е сума сумарум на сите работи што се случуваат во оваа безначајна игра од моја гледна реална точка. Па вие сеа тролајте ме, репорт акнете ми, пцуjте ме, фалете ме и што друго сакате направете а јас ќе си стојам на мојот став и ќе ви речам само :

MAKE WAR, NOT FACEBOOK!!!!