Претседателско обраќање[LazarosaMKD]

Day 4,311, 07:15 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Добар ден Македонци,

Деновиве, после подолго време, ги ослободивме оригиналните територии од Турска окупација, со помош од Србија. Меѓутоа веднаш на наша територија дојдоа Хрватите кои се барем 5 пати посилни од нас. Поради тоа пративме Воздушен удар во Романија, да пробаме да задржиме слободна територија за понатамошни акции. Деновиве останува да видиме дали Хрватите ќе дојдат на наши оригинали, или ќе пратат друга земја по нас, а они ќе останат да се бркаат со Србите низ светот, поради тоа што не можат да ги држат Србите избришани повеќе поради порастот на детерминацијата во Српските оригинални територии.

Во моментов се враќаат поголем број од тенковите кај нас па и во останатите еЗемји, и полека се спрема зимница за 12от роденден на еРепублик(околу 20 Октомври).

На воено поле не е многу сменето од претходно. Повеќето сојузници се целосно избришани, некои сојузници сеуште се прават еМртви и не сакаат да помогнат. Поради тоа ни останува мал број на држави на кои што можеме да сметаме во воените операции.
Франција го напушти сојузот пред неколку дена, под дејство на пропаганда од страна на КОД за која што отворено се збори во статии во Француските весници, меѓутоа остануваме во пријателски односи засега.

Отчетот за месеците претходно е кус. Трошоци имавме само за КОто кое се дава на еМакедонци за авионските битки, кои беа објавувани на државниот ѕид.

Повеќе за авио рефундот има на линкот подолу во статијава



Јасно е дека од ситуацијава излезот е напорна работа и голем влог. Правиме напори да се врати војската од нареден месец, меѓутоа не можеме сами. Затоа, секој што има солидна сила, а може да си дозволи да одвои 10евра месечно(или околу 600 000цц моментална цена) нека го зема следниов пакет:



Промоцијата на пакетот е на секои 30 дена!

На нашки, Пакет за моќ. Со него добивате:
- Зголемена регенерација за 20 енергија на 6минути;
- Куќа од 200 енергија, за 30 дена;

Овој пакет во комбинација со q12 куќи би ви давал по 400енергија секој саат, или 9600енергија во текот на денот. Со пукање на таа енергија во епик или обични тенковски/авионски битки, на крајот од неделата завршувате со нешто повеќе од 100 чоколади ќар, или месечно над 400 чоколади. Доколку имаме 10 луѓе кои ќе го купат пакетот, добиваме преку 4000 чоколади месечно.

Истата опција важи и за оние кои немаат добра сила, со тоа што ќе мора да пукаат во авионски битки, каде што нема трошоци за оружје. Со купување на пакетот за моќ, се собираат околу 400 чоколади месечно или околу 400к штета (просечно) во авионски битки.

За оние кои што можат/ сакаат да потрошат повеќе, достапни се и други комбинации кои што ќе им допринесат уште повеќе чоколади и побрзо кревање на ранк.

Нормално дека не може секој да е 24/7 на компјутер па затоа постојат скрипти кои сами полнат и ја празнат вашата енергија, а за оние кои не можат да го остават компјутерот 24 часа онлајн, постои и друго решение(повеќе во порака).

Секој кој што сака да го земе пакетот за прв пат, нека ми пише порака, за помош со храна, совет, куќи и слично.

Исто така, бараме стари профили од луѓе кои се откажале од играта. Доколку знаете некој што се откажал, без разлика на левел, сила, ранк и слично, а сака да го остави профилот, пишете порака на Драган
https://www.erepublik.com/en/citizen/profile/4734369



Утре ќе имаме битка на смена на денот против Хрватите. За таа намена се купени 3000 тенкови кои ќе се делат само на еМакедонци(највеќе 200 од човек). Поделбата ќе се врши на телеграм каналот на еМакедонија(препорачана варијанта поради побрза испорака) или на пост на државен ѕид.

Линк од телеграм на еМакедонија:
https://t.me/joinchat/GU6-bxc8_PaHpsHuEoTqIw

После битката следете наредби на државен ѕид или телеграм за остатокот од неделата.

Повеќе за телеграм и новиот авио рефунд во статијата:
https://www.erepublik.com/en/article/-goldennn-ii-1-2700783




До следно читање
Претседател на еМакедонија,
LazarosaMKD