Прашања - Одговори [Министерство за Економија на Македонија]

Day 1,075, 03:42 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Ekonomija

Министерство за Економија на Македонија во серија артикли јавно ќе одговара на прашања од заинтересирани граѓани и идни е-бизнисмени кои секојдневно пристигнуваат до нас. Сметаме дека тоа се често поставувани прашања и дека е добро јавно да се публикуваат.


Прашање: - Дали е добро да купам лиценца и да продавам камен во Србија, дали таа ни е во алијансата и да не има случајно ембарго со Србија???

Одговор: - Србија ни е пријателска држава во играва, земја членка на Феникс сојузот и со нејзе не се очекува ембарго во блиска или далечна иднина но и покрај тоа не е паметно да се купи лиценца за извоз на камен во Србија затоа што Србија има свој богат регион со камен http://www.erepublik.com/en/region/Sarawak во регионот Саравак и си го штитат домашното производство со даноци Import Tax: 99%.
Еве некои поголеми Феникс држави каде што може да се извезува камен од Македонија:

- Турција - жители: 15090 - Import Tax: 1%
- Индонезија - жители: 8800 - Import Tax: 1%
- Унгарија - жители: 7025 - Import Tax: 5%
- Франција - жители: 5312 - Import Tax: 4%
- Бугарија - жители: 4127 - Import Tax: 1%
- Германија - жители: 2982 - Import Tax: 2%
- Велика Британија - жители: 2694 - Import Tax: 5%

Пред да се одлучите за која држава ќе земете лиценца испитајте дали има недостиг на камења во таа држава или пазарот е презаситен, испитајте колкав е курсот на нивната валута и дали ќе имате профит и колкав ќе биде тој.


Прашање: -Како може да се купи компанија од друга држава? Зашто компаниите во Македонија се многу скапи 60 златници додека истите во другите држави се продаваат за 13 или 15 златници!!

Одговор: -Компанијата не мора да се купи може и да се отвори нова компанија. За отворање на нова q1 компанија потребни се 20 златници но на сметката треба да имате барем 40 златници. Преостанатите 20 златници ќе се префрлат на сметката на вашата нова компанија.
Овие компании кои чинат само 13 или 15 златници се по дефиниција компании за суровина отворени во регион без суровини или во средно богат регион.
Иако чинат "само" 13 или 15 златници не ги купувајте освен ако не чинат испод 10 златници затоа што ако "деактивирате" q1 компанија играта ви дава 10 златници.


Прашање: - Здраво. Кога се купува лиценца за продажба во странство, таа лиценца важи САМО за земјата што ќе ја одбереш, или е една за секаде каде што сакаш да се вклучиш на светскиот пазар?

Одговор: - Таа лиценца важи само за земјата што ќе ја одбереш. Инаку лиценците чинат 20 златници. Ако сакаш да извезуваш во 2 земји ќе ти требаат 40 златници. 😉


п.с Претплатете се на весникот од Министерство за Економија на Македонија за да бидете добро и навремено информирани со новости, совети и информации од Македонската економија.

привремен министер за економија: lazarosaMKD
заменик - привремен министер за економија: Ivan Vancho Makedonski