Седмо обраќање [Little Beast]

Day 3,750, 02:16 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Здраво на сите.

Претходната недела намерно не објавив обраќање бидејќи немаше воопшто новости за кои би требало да бидете известени. Тој период беше многу мирен, но оваа недела имаше многу новости.



Неделата започна со отварање на нова тренинг војна со Чиле, каде се искористи позитивната атмосфера околу преговорите за НАП меѓу нас и се решивме да направиме и тренинг војна како би имале повеќе битки за фармање во периодот кога целиот е-свет спие и мора максимално да го искористиме периодот. Верувам дека сите ја прочитавте статијата, а доколку некој не ја прочитал може да го стори тоа тука. Оваа тренинг војна наиде на мали проблеми, бидејќи добив поплаки од наши играчи кои имаат фирми во Чиле и поради тоа што сме во директна војна, тие се оневозможени да ги работаат своите фирми. Моментално се дискутира и планира што да се направи по тоа прашање и не би можел да кажам ништо повеќе.

Исто така во текот на битката за Wellington имавме проблеми во редовната битка, бидејќи Унгарците праќаа војници и редеа КО против нас како би ја пореметиле војната, а друштво им правеа Хрватите.



Србите после доста голем вложен труд и долго време конечно добија зелено светло од Перу за влез во Австралија и оваа сапуница конечно го дочека својот крај. Србија ќе го напушта Нов Зеланд и остануваме таму сами на четири региони што значи поголем простор и помалку грижи околу текот на тренинг војната, а воедно и ќе се потрудиме да најдеме механизам за да имаме 24/7 тренинг војна и со Нов Зеланд како што имаме со Тајланд и Индија, бидејќи досега имавме само по едно востание и напад во текот на денот.



Во средината на неделата бевме контактирани од Бугарската влада со барање да им помогнеме да стигнат до нова тренинг војна во Индонезија. Ние го прифативме нивното барање и веднаш се тргна со креирање на план во кој се договоривме да направиме привремена промена на регионите во Индија т.е. ние да им ги дадеме регионите Andhra Pradesh и Tamil Nadu, а за возврат ги добивме регионите Chhattisgarh и West Bengal, додека за комплетирање на мостот бараа регионот Southern Thailand да им биде даден на нив како би стигнале до граница на Индонезија,а подоцна се ќе биде веднаш вратено во нормала, како во Индија така и во Тајланд. Во контакт со владите на Индија и Тајланд и согласност од сите страни, Бугарите тргнаа во остварување на својата цел. Во моментов се спремаат за премин во Индонезија и целосно реализирање на планот.



Сега следува дел кој сакам детално да го објаснам.

Како што знаете веќе со месеци наназад, Романците успешно ги држат Грците окупирани. Овој месец Грците останаа без конгрес, а пред тоа имаше состаноци на релација Романија-Грција за НАП. Грците им предложиле на Романците НАП со барање да ги напуштат нивните оригинални региони, да им се даде региони во Египет и ако е можно во Израел за тренинг војна, како и тоа да Грците ги отфрлат сите свои сегашни МППа во замена за МППата на државите од Астерија, како и можност да им се даде дво месечен пробен период за да ја докажат својата неутралност кон Астерија и после тоа да влезат во тој сојуз. Романците им одговориле со контра барање дека Грција би добила само еден регион за конгрес и услов да не напаѓа никоја земја на Астерија или про Астерија, нешто што било веднаш одбиено од страна на Грција како навредувачко за нив. Исто така во текот на преговорите тие ги убедувале Романците дека нема смисла да бидат окупатори на Грција и дека тоа само ќе им донесе сериозна финансиска штета, на што Романците одговориле само со праќање линк од орг каде имаат над 40м денари и дискусијата завршува. Доколку ве интересира нешто повеќе на оваа тема можете да прочитате во статиите кои ги објавија Романија и Грција.



Засега нема никаков договор и далеку од тоа дека воопшто би имало во овој момент, но ние остануваме во блиска комуникација со нашите сојузници и будно ја пратиме ситуацијата.

Искрено ваш

Little Beast