Шесто обраќање [Little Beast]

Day 3,736, 02:01 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Здраво на сите.

Одиме по ред со случувањата.



Воздушниот напад над Нов Зеланд излезе тотално непланирано, па дури и изненадувачки за нас како влада. Америка беше зафатена со Хрватите, а забележавме дека во Нов Зеланд имаат два региони од кој едниот е под напад од Нов Зеланд, а во другиот можеше да се крене востание. Дополнителен ветар во грб беше тоа што Америка веќе губеше во дирекната битка, па се решивме да ја искористиме приликата и да ги избркаме од таму. Операцијата беше успешна и тие беа исфрлени.

Во текот на операцијата, ја контактиравме владата на Нов Зеланд со предлог за тренинг војна. Нашиот предлог беше пријателски прифатен и ние веднаш полетавме таму. Неколку часа после нашиот договор за тренинг војна, Чилеанците ги контактирале на Нов Зеланд со ист предлог како нашиот. Бидејќи ние веќе имавме договор, владата на Нов Зеланд го одби овој предлог на Чилеанците.
После успешното слетување почнаа да се прават планови за функционалноста на тренинг војната.



Се беше точно испланирано, но започна големиот хаос. Прво добив порака од Србите кои побараа од Македонија да им даде пат на Србите да влезат во Австралија поради дојава дека непријателска земја сака таму да слета и да има тренинг војна. Ние излеговме во пресрет и им го дадовме регионот Otago како би можеле да влезат во Австралија. Веднаш после тоа тие потпишаа НАП со Чиле и Аргентина во кој стои дека Чиле и Аргентина се обврзуваат дека нема да нападнат ниту една членка на сојузот Астерија. Иако ние први се приклучивме на таа операција против Аргентина, а плус во периодот кога потпишуваа НАП веќе слетавме во Нов Зеланд, воопшто не бевме ни информирани и дознавме преку статија за договорот.



Поради можна операција и организиран напад над нас за кој сме информирани и внимателно пратиме состојба дали ќе го остварат, а и заштита на нашите региони кои ги стекнавме преку АС, се договоривме со Србите да ги смениме позициите т.е. ние да одиме на нивното место во Австралија, а тие да останат во Нов Зеланд и да бидат тампон зона меѓу нас и Чиле, како би избегнале лесно Чиле да се вклучи во операција против нас со други земји и да бидеме лесно исфрлени.

Планот започна, но наиде на големи препреки и проблеми. Прво наидовме на одбивање од Австралиската влада, а потоа и владата на Перу не ни одговараше на пораки, наводно дека не знаеле Англиски јазик, конкретно нивниот ЦП кого јас го контактирав, додека нивниот МОД воопшто не одговара на пораки. Успеавме да стапиме како така во контакт со нив и им беше напоменато дека одлучивме да не влегуваме во уште поголема каша и дека ќе останиме во Нов Зеланд.

Бидејќи веќе пуштивме НЕ над Австралија и тоа се изгласа и поради недоволната комуникација со Перу бевме принудени на ауто напад да го нападниме регионот New South Wales кој требаше да се изгуби но Перу се реши да нападни во Queensland, а тековното востание да го задушува, го променивме планот и го освоивме регионот со што нашата војна во Австралија се прекинува.

Причина плус поради која се решивме да се откажеме од операција во Австралија беше и тоа што Чиле пријателски не контактира и јасно ни дадоа до знаење дека немаат намера за агресија кон нас. Затоа во текот на вчерашниот ден плановите се променија. Според моменталнава ситуација, Србија ќе остане гостин во Нов Зеланд се додека не се ослободи Tasmania и да се префрлат во Австралија.



Сакам јавно да ве информирам дека е постигнат договор за уште една тренинг војна за која не би сакал во моментов да откривам детали бидејќи треба прво да се средат ситници, а потоа сите ќе бидете информирани за што станува збор.

Светот во моментов е подзаспан и некако сите се спремаат за периодот кој следува. Сигурно е дека оваа тишина нема да трае долго и дека поместувањата и ситуациите кои настанаа во претходниве недели ќе имаат влијание на иднината на сите држави. Затоа ние треба да го искористиме периодот на фармање максимално за да бидеме спремни за предизвиците кои доаѓаат.

Искрено ваш

Little Beast