Петто обраќање [Little Beast]

Day 3,729, 01:55 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Здраво на сите.

Повторно ново неделно известување.

Честитки за сите играчи оваа недела кои се бореа храбро како би биле Унгарците избришани од Тајланд и со тоа да им се одмаздиме за тоа што тие нас не исфрлија од Арабија. Одмазда си е одмазда.

Тоа што успешно ги исфрливме Унгарците од Тајланд ни отвори можност за соработка со владата на Тајланд и опција за тренинг војна без воопшто да трошиме АС. Уште кога стапнавме во Тајланд стапивме во контакт со нивниот ЦП и бевме срдечно примени. Неговата дилема беше дали и ние ќе бидеме како Унгарците кои ќе ги држат окупирани или ќе сакаме тренинг војна. Нашите желби се поклопија, ние во Тајланд не дојдовме за да ги окупираме. Поради тоа се договоривме и тренинг војната со Тајланд започнува. Тука можете да го прочитате договорот за трениниг војна, значи ова не е присилна тренинг војна, нешто на што јас се противев, туку договорена е работата.



Оваа недела бевме сведоци на масовно тенкање во војната помеѓу Америка и Хрватска. Тешки милиарди се фрлија. На крајот Хрватска се одбрани од Америка во Тајланд, па веднаш започнаа контранапад и успеаа да слетаат. Реакцијата на сојузниците на Америка беше два закони за АС од Летонија и Шведска, додека Финска подоцна пушти АС.

Причините за оваа војна официјално не се познати, иако има многу мислења околу тоа за кои не би сакал јавно да говорам, но ние будно ќе ја пратиме ситуацијата, како би спречиле тие да придобијат некој наш сојузник.

Летонија слета во Тајланд и тоа предизвика голема вознемиреност кај играчите. Има план за таа ситуација и на мирен начин се надевам дека ќе ја решиме и Летонија ќе се повлече преку востание.



За да не ви бидам досаден со статии ќе ја искористам оваа статија за да го презентирам тимот со кој би го продолжил мандатот:

МоД

Od Popaj Maliot

МоД тим:

AquilaMK
Vojne

МОФА

Phantom MKD

МОФА тим:

Furious Lady

МЗИ

Статиите се моја работа нив не ги давам на никој така да немам потреба од МЗИ.



Како што можете да видите тимот ќе биде проширен со доста искусни играчи за периодот кој доаѓа, а јас чувствувам дека ќе биде бурен период во делот на надворешната политика. Досега со минимални човечки ресурси се создадоа доста позитивни работи за нашата држава. Со вака поголем тим очекувам уште поголеми и позитивни состојби за државата.



Имаме преговори за отворање уште една тренинг војна, но не сакам да ви ветам ништо засега. Дури и во случај да не се постигне договор за тренинг војна, АСто нека биде полно во случај на некаква итна организирана акција со сојузници.

Секоја чест за дечките од МнП за организираноста и помошта, АСто да се наполни.



За крај благодарам за вашата посветеност и дисциплинираност. Тоа ми дава мотив да се трудам да постигнам се најдобро за државата.

Искрено ваш

Little Beast