Трето обраќање [Little Beast]

Day 3,715, 01:37 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Здраво на сите.

Во оваа статија ќе се обидам да ги објаснам сите лудории кои се случуваа во втората недела власт.

Како што знаете се вклучивме во операцијата за ослободување со Бугарија заедно со Србија. Поради географијата само две од трите држави можеше да продолжат на Турските оригинални региони. Решението беше Македонија и Бугарија да продолжат бидејќи Србите ги држат Хрватите, Аргентинците и Чилеанците избришани, а тоа не е мала работа, плус тие имаа ненормално тешка битка со Турците за Видин. Кога изгубија граница со Србите, нивното НЕ го префрлија на нас. Само што сите си помисливме дека Турците се веќе истрошени поради константното три неделно големо тенкање тие продолжија и понатаму како претходно да немале жестоки битки. Битката за регионот Мармара ја добивме релативно лесно, но потоа следуваше пеколна битка за Егејскиот брег на Турција. Во оваа битка не само чоколадите туку и многу пари се истрошија. Во продолжение можете да ги видите бројките:

Македонија и сојузници:



Турцјиа и сојузници:



Значи ние потрошивме од банка како држава нешто околу 1.3м денари, додека остатокот од КОто беше ставен од донации на играчи кои донираа директно во единица или на командирот на Heaven’s Legion.



И кога заврши оваа операција со наше исфрлање од Турските региони следуваше нов план против нас од Унгарците и Грците. Овие две држави организирано склопија план како да не исфрлат од Арабија и да си ги поделат регионите меѓу себе. Ние знавме дека Грците ќе се обидат да не исфрлат од СА, но не очекувавме дека и друга држава ќе доаѓа таму. Поради тоа имаше закон за мир во конгресот со Арабија со кој ние ќе останевме на три региони и немаше Грција да нападне регион кој ние ќе го ослободевме и на тој начин регион по регион индиректно да не исфрлат од СА.

Кога го видоа тоа се решија за радикален чекор и извршија напад над нас. Грција ни пушти НЕ, додека Унгарија испрати АС во Арабија. Поради тоа ние моравме да ја менуваме одлуката околу законот за мир и тој беше изгласан негативно, како би биле во позиција да напаѓаме повеќе Арабиски региони како би се одржале таму додека Романците слезат во Арабија. Ги нападнавме Al Madinah и Asir со што нашата војна во Арабија природно се затвори.

Успешно пуштивме први НЕ закон над Унгарија која грчевито се трудеше да го спречи нашето освојување на регионот Al Madinah како би имале тие повеќе региони во Арабија и директно да ги блокираат Романците да ги нападнат Грците кои се кријат во јужните делови на Арабија. Ова не им успеа и ние го освоивме регионот со што тие останаа на еден регион.



Планот првичен беше да се проба да го одбиеме Грчкиот напад, утредента да се крене востание против Унгарија во Арабија и да се исфрлат преку востание, а ако тоа не успее да се нападнат следниот ден и да ги исфрлиме. Поради овој план објавив статија за донации како би имале средства за оваа битка.
Како што можете да видите од погорниот текст ситуацијата во Арабија е многу комплексна и наликува на шаковско поле и затоа е многу тешко да се повлече потег и плановите се менуваат од час во час.

Како што тие ги менуваа плановите така и ние ги менувавме. Вчера требаше да биде задушено востанието во Источна Провинција како би имале повеќе региони, но имајќи ги предвид фактите дека Грција успеа да не победи, планот се промени и нашата цел беше да се ослободи Источна Провинција, а потоа и Al Madinah, како би оставиле што помалце региони за Грција во Арабија бидејќи немаат НЕ над Арабија. Поради ова вчера во Источна Провинција во авионската битка се ставеше големо КО за Македонија да не го ослободи регионот, но на крај планот се оствари.



Во координација со сојузниците беше одлучено Македонија да се повлече од Арабија и да остави што помалце региони на Грците како би можеле Романците да ги исфрлат од таму, а и Унгарците да бидат заглавени на еден регион кој ќе билда детерминација и на тој едноставен начин преку востание со повисока детерминација да бидат исфрлени.

Засега не можам да кажам дека планот тече како што се замисли, бидејќи Арабија ја нападна на Романија како би ја спасила Грција и повторно покажува симпатии врз одредени држави во регионот иако цело време прогласува дека не е пристрасна, а Шпанците по грешка наместо на Арабија пуштија НЕ над Португалија, но за среќа се корегираа со опцијата објава на војна, а на ова резултираше објава за војна од Унгарија кон Шпанија. Повторно работите се премногу измешани.



Единствено нешто што е сигурно е крајниот епилог на оваа драма во Арабија за Македонија, а тоа е дека Македонија ќе биде надвор од СА, додека се исфрлат Грците од таму ама како што моментално стојат работите и тоа ќе биде тешко.

Ова беше најкраткиот и наједноставен начин како да ви ја објаснам ситуацијата со која се соочувавме во претходните денови. Знам дека често се менуваат плановите и огромна благодарност до сите војници кои имаа максимално разбирање за ситуацијата и точно и навремено реагираа на моите наредби и приоритети од сојузниците како би им се причинила поголема штета на непријателите.

Во текот на вчерашниот ден Унгарците беа под востаничка опасада на нивните региони каде се кренаа востанија во сите држави во кои имаат територии. После тешки и тесни битки во кои се потроши огромна сума на пари на крајот сепак Унгарците успеаа да победат. И ние учествуваме во редење КО во одредени битки за кои ќе има извештај.

Од акцијата за донации се собраа 800.000 денари и засега можам само тоа да го кажам во врска со финансиите бидејќи треба да се разгледаат и пресметаат сите трошоци кои беа распределени во неколку единици и да се изврши внес во завршната сметка, во која ќе изработам и посебен дел за донациите.

Искрено ваш

Little Beast