Прво обраќање [Little Beast]

Day 3,700, 00:35 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Поздрав на сите.

Најпрво сакам да ја искористам приликата да ви честитам Нова Година и Божиќ на сите. Второ сакам да им се заблагодарам на сите кои ме гласаа и ми ја дадоа можноста да го пишувам ова прво обраќање и да ја водам државата во овој месец.
Во зависност од слободното време и случувањата ќе се трудам да има обраќања еднаш во неделата за да биде народот поблизок до мене и случувањата во државата и светот.

Како што ветив во мојата статија со програмата, првата работа која ќе ја направам по стапувањето на функцијата е пуштање закон како конгресмен за намалување на данокот од 5% на посакуваниот 3% данок. Ова предизборно ветување е остварено, а имајте доверба дека ќе се потрудам и другите ветувања да ги остварам. Повторно сакам да напоменам за да немаме проблеми во иднина, дека данокот од 3% ќе биде на сила една недела и после тој рок ќе се направат споредби и увидат позитивните и негативните страни. Доколку данокот од 3% биде штетен за државата и нема никаква разлика во зголемувањето на работењето во фирмите, данокот ќе се врати на 5%.



Нема време за славење на победата, па веднаш мора да се фатам за работа. Напорно и забрзано се работи на авио и ground стимулациите и тие во наредните денови ќе ви бидат презентирани и се надевам дека ќе биде од огромна корист и прав чекор напред кон тоа државните ресурси и пари да се враќаат кај народот и сите да имаме корист од државата. Голема е желбата кај мене да направам позитивни промени кои би се реализирале и во иднина.

Во овие ден-два ќе се одлучи за насоката во која Македонија ќе се движи на воено и дипломатско поле. Засега бидете сигурни дека Македонија ќе продолжи со своите тренинг војни во првиот дел од мојот мандат.

Пред да ја завршам статијата сакам да упатам молба до сите играчи да ги почитуваат тренинг војните и да нема проблеми со враќање на регионите. Сите ќе бидете навремено информирани за следни региони кои треба да бидат ослободени на ѕидот на државата. Исто така секој кој има идеја или некаков проект во корист на играчите, слободно нека ме исконтактира за да се разгледа планот и да се реализира доколку има можност и средства.

Мислам дека тоа би било се што можам да ви кажам во ова првично обраќање, а на самиот крај уште еднаш ќе ви го наведам тимот кој ќе ми помага во овој месец:

Премиер – ORIGINAL MKD

Гувернер – SudacaMKD

Министер за Одбрана - Od Popaj Maliot

Министер за Надворешни Работи – Phantom MKD

Претседател на еМакедонија

Little Beast