Второ Претседателско Обраќање - Фирми [Северус]

Day 3,773, 07:53 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija



Поздрав Македонци,

веројатно веќе сте го виделе мојот пост на државниот ѕид, и за краток период видов солиден број на одговори.

Најпрво, и најважно да напоменам за оние кои фирмите им се во други региони во еМакедонија, апелирам да ги преместите во ИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА, таму имате најголем процент на бонус, моментално 77%,а наскоро се надевам и 92%.


Причината за ова е, веќе некое време ја следам Бугарската економија и не можам да не приметам дека со 3% данок, и со кажи речи никакви ресурси во споредба со нашите, тие имаат дупло повеќе прилив на данок.

Точно, можеби имаат малку повеќе активни играчи од нас, но друга важна причина за ова е тоа што скоро сите Бугари си ги држат фирмите во Бугарија, а со тоа и данокот им оди во нивната земја, нормално. Со ова, сакам да соберам информации колку од вас имаат фирми во еМакедонија, колку во странство, и зошто.



Мислам дека во споредба со Бугарите, ние имаме одлични ресурси, и според резултатите од формуларот, ако има доста заинтересирани да ги вратат нивните фирми во еМакедонија, а со тоа еМакедонија да има и повеќе даночен приход за проекти како финнансирање на авијатичарите, ставање КО за Македонци, и слични проекти кои може да се воведат во иднина, данокот нема да се покачува на 5%, а ако тргне работата на добро, јас сум спремен и да разговарам за намалување на данокот на 3%, да видиме со новите фирми како ќе иде приливот, во споредба со повторно, Бугарија. Исто така, ќе договорам со Владата дали еМакедонија може да издржи да кофинансира дел од трошоците за преселба на фирмите, за играчите што имаат голем број фирми, со цел да им дојде помал трошок, и мотив плус да ги вратат фирмите во еМакедонија.

НАПОМЕНА: Формуларот се однесува само на фирми за храна!

ВЕ МОЛАМ СИТЕ МАКЕДОНЦИ ШТО ИМАТЕ ФИРМИ (БИЛО КАДЕ) ПОПОЛНЕТЕ ГО ФОРМУЛАРОВ СООДВЕТНО!
https://goo.gl/forms/PddULjMlIITZOCAx1

*ако имате проблеми со пополнување на формлуарот, слободно контактирајте ме преку приватна порака, или оставете коментар под статијата



Со почит,
Претседател на еМакедонија
Северус Снејп