6-ти еРоденден

Day 3,475, 16:22 Published in North Macedonia North Macedonia by MKD1BoY

Може некои на играва ме знаат а некои не. Но еве веќе 6 години сум помеѓу вас. Се осеќам стар кога се сетам дека веќе шест години ја играм играва (макар последниве 2-3 ги поминав во двоклик). Детиште бев кога почнав. Се започна у декември 2010 по рекламата на сител. Се регистрирав со фејсбук па бев американски државјанин, платата у тоа време беше 5мкд па некаде месец дена штедев за карта до МК. После тоа мислејќи дека сум многу паметен (не знаев дека се банира за мултање😂) си направив уште еден акаунт но набрзо и двата ми ги банираа. Историјата на овој акаунт почна на враќање од екскурзија у трета средно, седнав на ПЦ и прво нешто шо направив беше регистрирање на ерепаблик. Вториот ден веќе бев 10ти левел, се беше полесно, бев активен во неколку не толку познати воени единици, дремев на каналите за наредби, трчав од школо до дома да сапортнам RW. Ех времиња.. Потоа преминав у двоклик, се дешаваше по 5 месеци воопшто да не пукам. Некаде 2014 наследив 80 голд од другарче шо се откажа, во замена за итеми на дота. Весникот го отворив само за мисиите со коментарите, па еве веќе кога го имам решив конечно за прв пат да го одбележам дури мојот 6ти роденден на играва. (Со направент ивент на календар за да не заборавам пошо сум 2 кликаш, коментарите на претходнава статија ги видов после 2 недели 😂😂😂). Него ај доста го тупев, сакам да поделам по 5 q7 тенкчиња за секој коментар (може и веќе не се на мода поделби пошо ваљда секој има доволно ама еве пошо ја сум стар овде, да ве потсетам на старите добри времиња😂)
А за крај ЦИЦКИ!