Да ги разјасниме нештата ! [NlKoLa MaCeDoN]

Day 1,886, 05:58 Published in North Macedonia North Macedonia by NlKoLa MaCeDoN

Здраво еМакедонијо !!!

Сум пишувал и претходно статија слична на оваа ама очигледно дел од нашите "патриоти" не ги разбираат многу многу работите или со сила се прават нешто многу паметни и сакаат да извлечат некој рејтинг со глупави статии.

Се уклучувам и гледам статија МАКЕДОНИЈО БРУКО МОЈА !!! напишана од нашиот еСограѓанин acezuti каде што човекот жали за еМКД дека паднала на колена и го оцрнува МППто со еПолска, оцрнува 34 конгресмени кој гласале со ДА на овај закон (еден од нив бев и јас), го оцрнува нашиот претседател.

Потпишувањето МПП со земја како еПолска било предавство и било пушење кур и лижење г`з. Ние конгресмените и претседателот сме немале гордост и чест.

Полска имала испукано толку многу штета против нас, што во никој случај не смеело да правиме сојуз со нив. Само да ве потсетам - еБугарија ни има нанесено многу поголема штета одколку еПолска, па денес со бугарите сме едно и функционираме перфектно. Ние самите не пукаме за еМКД колку бугарите што пукаат за нас! Големо БРАВО и БЛАГОДАРАМ на еБугарија!

Ама било - поминало, вртиме нов лист и нова книга ако треба и продолжуваме!

Е сега според мене зошто е добро МППто со Полска и САД:


Погледнете ја штетата што ја прават и еПолска и еАмерика. Нормално може нема ни дел од нивната штета да добиеме, ама едно е сигурно - таа штета нема да оди против нас.

Сум кажал и во други наврати - подобро уште двајца пријатели одколку двајца непријатели!

Единствен човек кој во моментов му нанесува штета на македонија си ти аcezuti! Ти својата "сакана" еДржава ја нарекуваш "бруко моја"! Ти си тој што бега од државата и што нема да пука за неа! Ти си тој што напишал статија од која само можат поновите играчи да се испровоцираат и исто како тебе да заминат од еМакедонија!

Ако ти ја сакаш својата држава поради никакви причини нема да ја напуштиш туку ќе останиш и ќе се бориш за неа! А не да бегаш како некоја П****!

А што се однесува до тоа дека конгресмените што гласале со ДА биле дечиња и врска немале од животот грешите, сите грешите. Јас лично имам 23 години и сум високо образован!

Престанете да ги вреѓате конгресмените за се и сешто, престанете да плукате по претседателот за секој договор за секое МПП, научете еднаш дека ова е игра на дипломатија и стратегија, а во дипломатија и стратегија нема вечни пријатели или непријатели! Престенете да ширите омраза меѓу еНародот!

И за крај еден голем и срдечен поздрав до acezuti и тие како него што ја напуштаат еМакедонија добар пат каде и да одите! Јас останувам во еМакедонија и ќе се борам за еМакедонија како вистински и горд еМакедонец!!!

Поздрав,
NlKoLa MaCeDoN



Да ги разјасниме нештата ! [NlKoLa MaCeDoN]
http://www.erepublik.com/en/article/-nlkola-macedon-1-2196304/1/20

- ШАУТ -