Кандидатура за Претседателka на е-Македонија [TashaMKD]

Day 1,826, 16:40 Published in North Macedonia North Macedonia by TashaMKD


Кандидатура за Претседателka на е-Македонија [TashaMKD]









Добар ден Македонки и Македонци! Ви се обраќам со цел да Ви ја преставам официјално мојата кандидатура за Претседателka на е-Македонија.

Мојата кандидатура нема да е прва за претседател-ка на е-Македонија, но се надевам дека ќе е прва со која ќе е избрана девојка за претседател.

Овде само ќе ги изнесам мотивите за мојата кандидатура ,а целата платформа и тимот кој ќе стои зад мене ќе бидат дополнително објавени.

Играва ја почнав одамна, по иницијатива на брат ми Stanojoski. По кратко играње сфатив неколку работи по кои ќе ја водам мојата кандитатура и претседателство. Во оваа игра не ни требаат политичари како во вистинскиот живот, туку искрени и вредни, а не МЕДАРИ.





Силата на Македонија лежи во самите Македонци!
Силни и Обединети Македонци - Силна Македонија!





Затоа се пријавив да бидам Министер за Здраство и да делам секој ден лепче и тенкчиња на новите играчи. Да ги дигнеме на нозе и понатаму самостојно да се борат со нас рамо до рамо. Многу од бебињата веќе се рамноправни борци со нас и многу сум горда на нив.

Воедно, лично ќе се заложам, заедно со министерот за образование, да се формира ЛИГА НА МЕНТОРИ. Тоа ќе се доброволци, истакнати играчи, кои ќе превземаат по едно бебе и ќе се грижат за него до 28 ниво. Потоа ќе превземат ново бебе. Така бебињата ќе имаат и татковци и мајки 🙂 Образованието на бебињата, а воедно и на сите, е најјакото оружје што може да го имаме. Образование за битките, фармите, тактиките и помагањето.




Целта ми е да ги задржам и мотивирам постоечките играчи, а воедно и регрутираме нови бебиња, кои ќе ги нараниме, наоружаме и израсниме.. и еден ден ќе бидат новиот Scimex, Aexil ili El Che. Постоечките играчи сакам да ги обединам, да бидат вистински другари. Затоа во мојот мандат, еден ден од неделата ќе организирам собиранки, да се дружиме, да размениме мислења и стратегии за иднината на нашата е-Македонија. На собиранките ќе бидам упорна да присуствуваат сите министри и заменици, кои ќе дадат извештај за секој тенк, злато и пара што ја потрошиле.




Исто дел од идејата на мојот мандат е интегрирање на што повеќе девојки во играта, но и во самата власт. Да.. во власта! Рамноправни сме на маркетот, на фармата, на бојното поле, време е да сме рамноправни и во власта! Затоа секое министерство ќе има, министер и двајца заменици. Од нив, во зависност од искуството, еден ќе биде обавезно девојка. За да стекнат повеќе искуство за следните мандати. За таа цел, ќе лобирам лично до секој претседател на партија, и командир на единица, да постават заменик девојка, која ќе се обучува и ќе стекнува искуство.

Се разбира, собиранката за е-републик девојки. која е моја дамнешна идеја, ќе ја реализирам за време на мојот мандат.





е-Македонија ќе ја водам чесно и искрено. Во преден план ќе бидат интересите на е-Македонија, се за неа!





Целиот детален тим ќе е подоцна објавен.
Благодарност на сите што ме предложија за оваа функција и за нивната подршка!
Се надевам на подршка од сите Вас, e-граѓаните, е-партиите и е-единиците.


TashaMKD
Силни и Обединети Македонци - Силна Македонија!




Кандидатура за Претседател [TashaMKD]
http://www.erepublik.com/en/article/-tashamkd-1-2160366/1/20
-shout-