ВНИМАНИЕ eМКД-ИГРАЧИ!!!

Day 1,951, 00:26 Published in North Macedonia North Macedonia by Only one Macedonia

Немам многу време за пишување на долго и широко, и затоа ќе прејдам на главното. Се прават манипулации од страна на администраторите на играва со подесување на "power shots" помалку (а сигурно и за повеќе) да покажува и "вреди" еден удар, што мене ми го прават еве веќе по втор пат заклучно со денес. Првиот пат се случи пред некој ден на што им пратив "ticket" и беше поправено, за денес пак да се појави истата манипулација.

Впрочем како што велат сликата објаснува 1000 зборови, затоа во прилог видете го "screen-shot" од мојата НАМАЛЕНА штета по удар според моменталната сила и намалените поени според ранкот.



Уште почудно е тоа што ова намалување важи САМО за штетата направена за еМакедонија, додека за друга земја е нормално како што треба. Видете го следниот "screen-shot" што е направен веднаш после првиот (видете ја датата и времето) каде што мојата сила се чита нормално, колку што треба.



Значи за истата штета во еМКД треба да пукнам 3 пати а за другите земји 1 (еднаш).

Прилог штета во еМКД:



Прилог штета во други земји:



Знаејќи ја оваа можност, замислете си само колку ваквите манипулации (или bugs) можат да наштетат на некоја држава во полза на некоја друга во пресрет на следниот "Gold rush", каде секоја штета за својата земја е вредна за целосниот збир? Значи тие имаат комплетна контрола врз штетата, и можат да ја направат да биде на било чија страна сакаат, а да не ја спомнуваме тука фрустрацијата и материјалната штета на поединците врз кои е направена оваа манипулација...или "bug" како што популарно сакаат да го наречат тоа.

ВНИМАВАЈТЕ, БИДЕТЕ ПРОАКТИВНИ И ПРИЈАВУВАЈТЕ ВЕДНАШ.

Ставете VOTE за повеќе играчи да го прочитаат ова!

Only one Macedonia