ЗОШТО,КАКО, ПРИЧИНИ И ПОСЛЕДИЦИ , ПРЕДЦЕДАТЕЛСКИ ИМПИЧМЕНТ By makedonec21

Day 1,249, 15:17 Published in North Macedonia North Macedonia by makedonec21

Дојде време и јас да напишам статија не дека сакам или дека морам но чуствувам одговорност за моменталната политичка ситуација во која ја доведов Македонија.
Прво да почнам да одговарам на прашањата кои сам си ги поставив.
Зошто-Ова прашање крена голема полемика после мојата самостална одлука да го сметнам од власт моменталниот предцедател на Македонија. Сега тоа се гледа како добра одлука но пред да се стегне тоа фамозно копче за импич што го има кај секој конгресмен треба добро да се размисли и да се консултира прво со конгресот второ со партијата и трето со самиот себе.Овде јас се консултирав само со самиот себе.Зошто?? Затоа што моменталната ситуација во конгресот е таква каква што е т.е никаква. Не се консултирав со партијата која ме донесе на ова место да одлучувам за Македонија затоа што оваа не е таа партија со која дојдов на власт не ја водат истите луѓе кои беа мои истомисленици и кои се грижеа за оваа есвета земја.Да не бидам погрешно сватен моменталните лидери не ги мешам пошто не ги ни знам добро .Се консултирав самиот себе во моментот кога сватив дека некој ја мати водата некој ја мати Државната вода за која некој се залагал со стотици сати да ја остави чиста и бистра.Гледам големо незадоволсто од народот истиот народ што ме донесол на власт мене и останатите конгресмени кои гласаме за законите кои ке имаат влијание на народот и на државата.Епа не може така господине МАКЕДОНИЈА ДО ИНДИЈА.Ние те донесовме на власт, Ние те сметнавме.

КАКО-Многу лесно господине екс претседател кој беше полош и од драш(ова е увреда(драш ако ме прочиташ не го сваќај лично ова го имам негде прочитано😃 )). Само го стиснав копчето предвидено за таквите како тебе после огромното незадоволство од народот и големите пиздарии направени од тебе изнесени во статии. Па секоја трета статија беше за тебе бе а најважна за мене за да стиснам Импич беше ИМПЕРИЈАТА ВО ПЛАМЕН. И после таа статија како да не предложам импич?? Па за таа империја некој се мачел да ја створи а ти да и се посереш??? Епа нема така. Не си достоен да бидеш раководител на држава после Струмјанин. Т.е никој не сме достојни ама барем да го зачуваше она што тој го стори.

Причини -Причините се јасни но не сите. Има лични причини и причини од државен интерес. Тие од државен интерес се јасни. Но личните не се. Све почна пред неколку месеци со една платена статија од моја страна која беше упатена лично кон тебе за која јас добив одредена сума и еден казнен поен . Иако беше најавена како платена статија ти во неколку наврати се осврнуваше на мене во твоите статии и ме омаложуваше и ме навредуваше но не само мене туку и другите неистомисленици. Ама јас не ги ставив личните интереси пред интересите на мојата Држава и само што дојде на власт не предложив импич затоа што тогаш ке беше некоректно од моја страна. Дури во една пригода го бранев кога беше предложен импич со образложение дека е рано и дека немаш заслужено да бидеш симнат од власт. Но сега се поклопија и личните и државните последица од тоа е http://www.erepublik.com/en/Republic-of-Macedonia-FYROM/law/72195

Последици- Можеше да има неколку последици а тоа се да останеме без власт доколку македонец3 не прифатеше да биде претседател и да состави влада но јас сум сигурен дека и општа анархија во македонија ке беше подобро одколку твоето владеење. А да и најголемата последица е тоа што ЗАВРШИ ТВОЕТО ВЛАДЕЕЊЕ. Мислам тоа е доволно

Толку од мене од господа повеќе. Можеби некој ке се сети на мене некогаш кога ке станеме најголемата велесила и ке рече да тој беше македонец21 кој стави крај на Пропаста на нашата света земја,а доколку не се сетат ке бидам задоволен и со личната сатисфакција 😉.

Македонеци останете ми со 100 здравје и белким некој ке ја прочита..