Претседателска кандидатура [BucephalusIII] 2 ДЕЛ

Day 1,902, 13:53 Published in North Macedonia North Macedonia by BucephalusIII

Добро утро,ден и вечер сакани и најубави мои!

музичка подлога

Поради големиот интерес од многумина играчи и прашањата на тема како да излеземе од кафез која ни е наметната неколку месеци наназад се решив поради големо разбирање до сите вас да искочам јавно со она што ќе биде моја главна преокупација на таа тема, нормално, доколку бидам изгласан за нареден Претседател на еМакедонија.

Моменталната ситуцација гледана на мапа:
Од овде може да видиме и заклучиме дека кога и да е ќе се затвори војната со Јужниот сосед а потоа за нас постарите играчи позната приказна е да истите се ослободат пред избори за конгрес...и сето тоа да тера во недоглед или со други зборови пинг-понг/тенис војна.



Она што мене ми падна во очи е моменталното развивање на настаните на исток од нас - каде Бугарија заедно со нашиот сојуз CoT или Circle of Trust ја презентира константно својата надмоќност во текот на последниов месец. Тоа беше и знак дека ни се отвара една моментална варијанта или шанса а тоа е да конечно тргнеме на исток преку Турција и да го досегнеме Иран каде после меѓусебен договор со Иранската власт (во моментов пријателска кон нас) да се прошетаме надолу по нивниот западен брег (што значи само ќе поминеме или прошетаме на нивна територија) и да се укотвиме околу следните региони:





По оваа прошетка и со самото пристигнување до оваа дестинација ни се отвора можноста да се најдеме на еден вид крстосница - што значи многу варијанти за нас во иднина и секако поинтересни моменти во играва.

Ова е она што со денови сум го работел како план и кој сум го презентирал лично на повисоките луѓе во наата алијанса и кои едногласно се сложија за наша поддршка околу целата кампања преку која лично мислам дека е најмногу поради причината што ќе се растеретат приоритетите на истата поради една од најаките битки можеби во оваа игра а тоа е помеѓу нас и Јужниот сосед.
Затоа со мојот иден тим неколкупати се консултирав и во моментов се нафативме односно го започнавме да ја реализираме оваа кампања уште од пред некој ден.

Секое добро!

BucephalusIII

о>