Глава 4 - МЕД , БОТОВИ , МАРКЕТ и МЕДАЛИ !!!!

Day 1,636, 04:02 Published in North Macedonia France by ArsoTheOne

МЕД
Медот е густа напивка со убав вкус и златна боја , медот го сакаат сите од мали деца до старци од 88 години. Поради ваквата љубов кон медот во нашиот виртуелен свет се создадоа неколку класи на луѓе што сега ќе ги опишеме.



Првата класа на луѓе се пчели работници , тие работат како што ќе им каже матичната пчела и собираат мед по цела година во големата државна кошница. Тие се собираат околу неколку големи матични пчели и колку можат си работат и живеат. Една пчела може да мутира и во Пчела Матица.



Втората класа на луѓе се Пчели Матици , тие ја координираат целата работа на собирање мед во државата , од нив пак постојат две категории едни што работат многу и не спијат и се во процес на раскинување со цурата или развод 🙂 . Другата класа се тајни мечки , подкатегорија комбинација помеѓу класа Мечки И класа Пчели. Тие привидно работат а во исто време оставаат вентили да тече мед надвор од кошницата.



Трета класа на луѓе се Мечки , Мечките се многу дебели секоја тежи најмалку по 12 к сила и секоја има најмалку по една q6 компанија. Мечките се исто така поделени на две подкатегории . Првата класа на мечки се Мечки Матици , тие се дебелеат врз грбот на народот од време на време ќе направат некоја далавера ќе го извадат медот од кошницата и ќе се почастат , толку добро се прикриени и испраксирани што можат да се споредат како политичка партија на власт , а и кога се во опозиција неможеш никогаш ништо да докажеш , тендер имало си добил чесно типот 😉, мора да крадат тајно за да не ги налутат другите мечки а и пчелите пошто ако ги фатат се горат. Втората категорија на мечки се т.н. луди Мечки тоа се мечки што трошат вистински пари за купување на мед затоа се многу дебели. Овие мечки се многу горди на тоа што сами си купуваат мед и притоа лесно доаѓаат и до екстра мед од донатори како Виша Сила”ПЛАТО” И МЕДАЉИ ќе ви објаснам подоцна. Мечките сакаат да бидат обожавани од пчелите а ако некоја пчела ги боцне или престане да работи како што треба ги ставаат на црни лист (Овде не посочувам на некој што напиша статија сметам дека статијата држи вода и залудно лупање на штета у битки со другите пчели е срање и тие пчели се тапа пчели), значи на кратко ако им влезеш у листа ќе те демнат пошто си лакома пчела а тие се 24 часа будни и кога ќе пробаш да апнеш мед ќе те сјебат убаво па џабе бензинот што си го штедел си го потрошил , пошо колку и да се тркаш со нив секогаш имаат бензин за 10 Милиони, и сега проблемот е што за да те сјебат од црна листа ќе удрат и они залудно штета нешто што претходно сакале да го казнат , Јеботе како немаше подебели мечки па да ги стави нив на црна листа 🙂 . Така нашата виша сила ќе се наполни со РЛ пари.
Толку за Медот и работите околу медот...

Ботови ,



Ботови се крпеница на вишата сила , кога вишата сила ќе проба да направи нешто ново и тоа ново ќе испадне Ср.ње тогаш вишата сила прави виша интервенција како лек за стабилизација. Ботовите функционираат по стриктно дефинирани правила и се управувани по нив , во никој случај неможат да преземат други активности надвор од правилата. Согласно замислата на вишата сила тие се интервенција за да го оддржат маркетот стабилен. Проблемот се јавува кога со креирање на ботот вишата сила мисли дека го решила проблемот и дека решението е соодветно за неа и за пчелите и за мечките.

Маркетот ,


Маркетот е класичен пример за грешка што вишата сила не си ја признава. Ваква е ситуацијата во маркетот , за да се произведе мед ти требаат продукти како Кола-Тенк , Бензин за колата-Рав и нормално сила-леб за да може да работиш и да се бориш за мед. Во моментов ситуацијата е следна се креираа многу компании за Raw материјал и производството скопна 1000 проценти груба непроверена проценка, со ова се создадоа вишоци и единствено логично решение на Вишата сила беше Бот интервенција . Со оваа интервенција вишокот на производство се откупува по некоја минимална цена. И сега вишата сила мисли дека е решен проблемот и се ќе си биде во ред. Но проблемот е што се создава вишок на штампани пари , односно БОТОТ превзема улога на Народна Банка и штанца пари да откупува рав, со ова се создаде процес наречен девалвација на валутата , поправете ме ако грешам. Од некогаш 200 300 валута за 1 голд сега играва се поремети ке стигнеме до 3000 кај и да е. И добро сега што е тука е ние ќе си тераме губиме нонстоп Голд неможе да правиме преку нашите продукти што ги продаваме на маркетот бидејќи сега незнам колку q6 тенкови се 1 мед, секој ден растат. На вишата сила тоа и не и е толку гајле но проблемот е што и она има проблем што не го гледа 🙂. Имено вишата сила губи RL пари со овој потег ... Ќе се прашате како , е па пријатели порано за Мечката да може да се тепа колку сака и да ја обожаваат сите пчели требаше да купи 100 тенка и за нив ќе дадеше 10 голд. Сега за да може да се тепа колку сака се што и треба е 1 голд. Порано за да тренираше мечката и да стигне до 20 К сила да биде многу многу јака ќе и требаше многу голд преку голем временски интервал , сега таа зема стероиди со q3 вежбање и за три пати побрзо станува појака , при тоа побрзо зема голд. А при тоа без да троши ниту едно банбонче сега може да си брка БХ , но тоа е нашата следна точка...
Поентата е дека некогаш со желба брзо да направиш пари , на долго ја губиш инвестицијата , решението е да се интервенира уште еднаш од вишата сила со нов бот кој ќе продава МЕД по загарантирана цена.

Медали,

Медали се гордоста на секоја мечка и пчела , иако има поштени исклучоци. Покрај гордост медалите ти носат и Мед. Заради тие причини и се толку посакувани. Медала можеш да фатиш на неколку начини , Да си многу јака мечка , Да си многу работлива пчела , Да си бивша пчела матица-сегашна мечка , Да користиш репликација на себеси мултиња 😉 , да им досаѓаш на другите пчели со глупи весници како во овој случај , и да користиш електронски помагала т.н. скрипти , пошто прстите ти се дебели и сам никад не си побрз од другите кога бркаш востанија ....
Што е проблемот со медалите , па ќе ви го објаснам суштинскиот проблем, Мечките се многу силни , тие се натпреваруваат за медалот без притоа да потрошат многу продукти од маркетот имено многу евтино можат да го фатат, една силна мечка може да направи за 5 мин 1 милион штета и притоа да си го букира авионскиот билет до медалот. Една обична пчела мора да штеди три недели за да ја направи истата штета за 15 мин и притоа да си го потроши заштеденото. Сега тоа е силата на мечката тука немаме многу избор, она што ме иритира се заебаните мечки , ќе те игра како сакаш ако направила 1 м штета и дзидот не бил во наша корист ќе направиш ти 1.2 М и дзидот пак ќе биде критичен и ќе те прцне без пардон . Друга случка е ќе удри за 5 мин 1 милион во сигурна битка, дзидот ќе биде на 60 посто за нас дур стигнеш ти 1.2 милиони ќе дигне паника зашто на сигурен ѕид пукаш ќе те прцне поштено без пардон и ќе го отера дзидот на 80 посто и те научила на памет. Она што ме нервира најмногу се мечките што мотивираат , човече пукаат се живо заштедено и со РЛ пари и те мотивираат на извици или преку новини со зборовите“Не штеди зимница” за Македонија се работи пуцај за Македонија. И сега како мене ќе се заебете сите три четири пати имам по над 2.5 М лупано и уште сонувам CH медала. Ќе јас потрошам зимницата ќе пукам за Македонија , ќе пукам за дебелите пчели и дебелите мечки да имаат ресурси да си произведуваат повеќе , што јас да не имам ќар +-2 тенка и 20 леба ништо не ми менуваат. Ова немаше да биде проблем доколку после може чоек да си брка Медала без да го прца секој втор ама таква е ситуацијата во сите држави на овој виртуелен свет. Значи какво решение гледам во овој заврзан круг на медали , па Медот е неопходна работа во играва , секоја мечка е многу јака и вака и така троши многу мед, истите тие мечки можат да донираат дневно по 0.19 мед на 50 пчели, за пчелите да можат да тренираат на раат и да штедат мед и да пукаат без да мислат дали ќе имаат мед за утре. Така пчелите нема да пробуваат да ги прцаат мечките а и меѓусебно . Значи реално верувам дека имаме 5 дебели мечки што немаат проблем да даваат 10 голд на 50 пчели , тоа се 250 пчели , Државната кошница може да донира на уште 250 , и тоа се 500 пчели што секој ден ќе можат на раат да живеат , првите 100 мечки и немаат потреба од ваква донација и стигаме до 605 среќни мешавина од мечко пчели. Што реално и толку се најактивни....