Како функционира една држава - Мисија 2/3 (ВИЦ)
OLaceX
Си седел еден цар на тронот и слушнал како некој вика: „Ајде на убави јаболкаaaa! Убави јаболкаааа!“
Погледнал преку прозорецот и видел еден парталосан старец со запрежна кола како продава јаболка, а околу него толпа купувачи.
Му се пријало на царот од јаболката па го викнал советникот и му рекол: „Еве ти пет златници, трчај да ми купиш јаболка за царот.“
Советникот го викнал министерот и му рекол: „Еве ти четири златници, трчај да купиш јаболка за царот.“
Министерот го викнал помошник министерот и му рекол: „Еве ти три златници, трчај да купиш јаболка за царот.“
Помошникот на министерот го викнал шефот на стражата и му рекол: „Еве ти два златници, трчај да купиш јаболка за царот.“
Шефот на стражата викнал еден стражар и му рекол: „Еве ти еден златник, трчај да купиш јаболка за царот.“
Стражарот излегол, го сретнал старецоти и му рекол: „Еј, што си се развикал бе? Ова пазар ли е или царски дворец? Марш оттука, а јаболката ќе ги конфискувам!“
Се вратил стражарот и рекол: „Еве, шефе, добар бизнис. За еден златник – половина кола јаболка.“
Шефот на стражата отишол кај помошникот на министерот: „Еве, значи, за два златнка една вреќа јаболка.“
Помошникот отишол кај министерот: „Еве министре, за три златници една торба јаболка.“
Министерот отишол кај советникот: „Еве, за четири златници половина торба јаболка.“
Советникот конечно се вратил кај царот: „Еве, ваше величество, како што заповедавте – Повелете пет јаболка.“
Седи царот во престолот и си мисли: „Пет јаболка – пет златници. Едно јаболко – еден златник. А народот ред чека за да купи.
НА ОВОЈ НАРОД ТРЕБА ДА МУ СЕ ЗГОЛЕМАТ ДАНОЦИТЕ!“
Comments
1
2
...
k
o7
854
rd
o7
Qwerty
s = 14
Врaти кaј мене...
http://www.erepublik.com/en/article/misija-mission--2561625/1/20
k
o7
o/
V 14 s 17
16
17
neznam koj po red
55
o7
ddddddd
123
o7
http://www.erepublik.com/en/article/srekjen-bozik-i-cestito-nova-godina-2575109/1/20 vrati
25
o7
hehe
o7