[МзИ] Информации за настанот

Day 3,614, 18:16 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje


Здраво на сите.

Конечно им текна на админите поубаво да го објаснат настанот што почнува за неколку часа. Не можев порано да напишам статија ама ајде сега убаво да се објасниме што ќе се случува и што да направиме за да успешно се справиме со бурните 10 дена што следуваат.




*Избирање на терен:
Апдејтот вели дека воените лидери на земјата напаѓач (Претседател, Диктатор, Министер за Одбрана, Министер за Надворешни работи и Премиер) ќе можат да ја изберат Стратегијата на напаѓање во битката која што следува. Ќе имаат можност за секоја битка (рунда) посебно да изберат терен. Условот е што во една кампања нема да может да изберат ист терен повторно. Значи една рунда, еден терен. Секоја нова рунда нов терен важечки за сите дивизии подеднакво.
Доколку воениот лидер ја нема направено листата, механизмите на играта избираат рандом терен за секоја битка што следува. При дигање на востание, востаниците се сметаат за напаѓачи и нивниот лидер ќе може соодветно да избере терени.
Важно е да се напомене дека во диктаторските и револуционерните битки нема да може да се направи таа Стратегија/листа и избирањето на теренот ќе биде рандом од играта.

Напаѓачите можат да ја состават Стратегијата од воената консола во битката, листата на војни и на страната на воениот модул во државата.




*Битките на смена на ден:
На смена на ден битките што се веќе почнати ќе си продолжат нормално без измени и таму нема да биде сметан бонусот на воен ранк. Исто така, тие битки нема да бидат сметани како праг за епски битки според правилата на настанот.




*За епските:
Како што беше и претходно најавено, за време на настанот, една битка ќе стане епска кога ќе ја помине максималната штета од битката која се водела во истата дивизија во текот на последните 2 дена. Ова ќе се применува само за време на настанот.
Само битките кои ќе започнат после 00:00 3615ти ден ќе бидат сметани како прагови за максимална штета во оделните дивизии. Логички штетата од првите битки ќе биде сметана како праг за правење понатамошни епски. Според ова би било убаво да се воздржиме од пукање во првите рунди до кај 11 часот наше време за да праговите за правење епски битки бидат ниски. Ова важи за сите дивизии.




*Како да изберете вештина:
Играчот може да ја распредели својата сила во секое време, на еден или повеќе терени (зависно од различните правила за секоја дивизија). Играчот може по слободен избор да ја распредели својата сила се додека има слободни точки. По секое ново секојдневно тренирање добивате слободна сила која што можете тогаш да ја приклучите кон одреден терен или пак ќе ја оставите како резерва.
Ваша одлука е дали ќе ја распределите целата сила или ќе оставите резервна за подоцна.





Мој совет е на почеток да не брзате веднаш да ја распределите целата, видете како ќе се одвива почетокот па потоа одлучете.

Ако играчот одлучи да не избере ниту една вештина, тогаш неговите вештини за сите терени ќе бидат 0. На еден терен играчот може да си додели максимум 40 000 поени на вештина.

Овозможено е да ја проверите распределбата на вештините кај друг играч на неговиот/нејзиниот профил принесувајќи го курсорот на иконка која што ќе биде прикажана најдесно под аватарот на играчот или веднаш до силата.






*Токени:
Доколку не сте задоволни од својата поделба на вештини или е потребна промена поради стратешки причини, истата ќе можете да ја ресетирате со токени. Ќе ви бидат дадени 5 токени и ќе можете да докупите максимум 10 потоа.




Сега околу терените: 3-4 дена разговараме со сојузниците и се туфкаме како да се направи распределбата, кој би бил најпаметен и најефикасен избор. Вечерашниов апдејт разјасни многу нешта. Потребно е да бидеме силни на повеќе терени. Секако нема да можеме да бидеме силни на сите 14 терени па затоа сметаме дека е паметна одлука да елиминираме неколку. Поарно да бидеме непобедливи на 7 терени отколку разнишани на сите 14. Не заборавајте дека Синдикалците имаат еден куп полни АСови, затоа и мора да бидеме спремни да се одбраниме.

Владате ве советува да НЕ ги избирате следниве терени: индустрискиот, урбаниот, предградието, аеродромот, обичниот терен, планините и плажата.
(барем сега за почеток)

Сметајте дека ова е договорено со најблиските сојузници. Доколку има промени понатака, а сигурно ќе има,ќе бидете известени. Следете го државниот ѕид, бидете активни и следете што се случува .

Претходно објаснување на настанот тука:
https://www.erepublik.com/en/article/10-3-615-2652593/1/20


Фјуриос Лејди