Завршно претседателско обраќање[Драган Амповски]

Day 3,609, 04:04 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Добар ден Македонци,

Месецов беше доста активен, со многу промени од кои што повеќето нас не ни одговараат.

Уште на почетокот на мојот мандат админите воведоа нови промени поврзани со законите за заедничка заштита(МПП). Со овие промени штетата од сојузниците се намали за голем процент.

Србите и Романците не успеаа да ги задржат нивните територии во Јужна Америка. Сега Чилеанците и Аргентинците се слободни и постојано вршат притисок во нашите битки против грците. Се спрема и некоја акција против нас за којашто мораме да бидеме многу организирани.



Околу МПП:
Потпишано е ново МПП со Украина. Сметам дека ова МПП ќе придонесе многу во периодот кој ни претстои.
Од друга страна изгубивме МПП со Молдавија. Причина е тоа што не добив никаков контакт од нивна страна, а и има доста несогласувања помеѓу нас.



Околу банката:
Месецов се трошеа доста пари за КО, потрошени се доста пари и за одржување на тренинг војната со Саудиска Арабија за време на турнирот. Исто така се трошеа пари за кревање тактички востанија во Индија за време на турнирот и кај грците.

КО се редеше од две единици:Heaven's Legion и Hogwarts MU

Почетна состојба на банката: 745 300
Вкупно останати пари во единиците:69 629
Вкупно пари потрошени за КО: 2,068,304 од Heaven's Legion и 534,474 од Hogwarts MU
Вкупно за КО од двете единици 2,602,778

Од трезорот се извадени вкупно 3,050,000 цц со 8 закони(шест пати по 400,000, еднаш 350,000 и еднаш 300,000).

Почетна состојба + извадени пари од трезор = 3,795,300

Вкупно пари во банка - пари потршени за КО - останати пари во банка во моментов - останати пари во единица.
3,795,300 - 2,602,778 - 1,034,035 - 69 629 = 88,858

Платена е рента за Индиските региони од 10,000 (http://prntscr.com/glm3ir)

За време на на турнирот се кренати 2 индиски востанија. Поддржани се неколку тактички грчки востанија. Доказ имам само за 4 востанија иако се кренати повеќе од 7. (https://prnt.sc/gr79br) (https://prnt.sc/gp0wpu) (https://prnt.sc/glu91i)

*Едит: Уште две востанија (http://prntscr.com/gjf1fh) (http://prntscr.com/gjeubl)

Со ова добиваме:
Останати пари - рента на Индија - пари за востанија:
88,858 - 10,000 - 80, 000 = +2,858

Имам потрошено над 80к од мои лични средства за кои немам евиденција и не барам надомест.



Според мене мандатот почна добро, активно и со победени битки на сите страни. На крајот противничкиот сојуз доби огромна помош од колин и со мала организација успеаа да направат многу проблеми во грчките територии. Нападот вчера во 1 часот после полноќ е моја грешка поради лоша комуникација заради РЛ обврски. Се надевам ќе успееме заедно да ја поправиме мојата грешка.



Благодарност до цел мој тим кој што беше со мене цел месец дури и во 4 часот после полноќ. Благодарност до Олд Билбао, Матрим и Никол кои што помогнаа премногу со КО во нашите битки. Благодарност и до сите вас кои што следевте наредби, шаутиравте и помагавте на било кој начин.



На крај прво да му честитам на Нено за победата и да му посакам успешен мандат. Ова ми беше првпат во политиката, сметам дека не пројде толку лошо мандатот и се надевам дека доколку некогаш во иднина одлучам да се кандидирам повторно за претседател ќе ја имам вашата поддршка.

До следно читање,
Претседател на еМакедонија,
Драган Амповски

о7