Одјавна Претседателска [Лејди]

Day 3,426, 06:09 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Добар ден Империјо Македонска о/

Кратко и јасно: Имавме одличен месец!
Почнавме со АСот врз Аргентина, продолживме трпеливо да им освојуваме регион по регион, ги избришавме, ги оставивме без конгрес и најбитно, исплативме стар долг 🙂

Империјата Македонија од Аргентина до Индија \o/
Тоа е резултатот на беспрекорната дисциплина што ја покажавте, на жарот со кој ги земавме битките, на трпението да не подржите востание за да се биде координирано по план. За мене е чест да бидам лидер на играчи кои знаат како да уживаат во играва, за играчи кои знаат да се цврсти опоненти ама во битките да се борат рамо до рамо ЗА МАИКА !!!



Морам да напоменам дека авијацијата се уште ни е слаба. Почетокот на мојот проект и не беше баш воодушевувачки пречекан од вас, но сега ќе имам повеќе време да направам измени и да пробам пак.

На Ирска им дадовме регион за конгрес и за револуција. Мислев дека ќе можеме да имаме и тренинг војна со нив, меѓутоа мојот тим ме разубеди. Немаме доволно региони за тренинг војна, законот за НЕ е потребно да ни е слободен доколку јужноамериканците се ослободат а и не ни е потребно поголемо делење на штетата, и така имавме цело време битки за “вистинки патриот” медалот, што и дополнително го полни трезорот.
Новата влада веќе направија некои контакти така да ќе видиме што ќе се случи.

За диктатурата… Мислевме дека Феликс пронајде дупка во новите правила на Плато за воведување такса од диктатурата. Имено од 1 Април, секоја земја која што има диктатура и дневен прилив поголем од 25 голд во денарска противвредност, плаќа такса од 50% од дневниот прилив. Беше напишано дека доколку на смена на денот нема пари во трезорот, диктатурата ќе биде автоматски тргната. Меѓутоа админите повторно победија, ги земаат парите во тек на целиот ден постепено, не наеднаш како што мислевме. Реагирвме брзо, најдовме унгарец кој беше спремен да даде милион денари и да си го плати револуционерниот медал. Така и направивме. Диктатурата падна а ние не плативме ниту денар 🙂

Околу финансиите… Секојдневно читам шаути дека сме купувале пакети со државни пари и веќе не знам дали е тоа само лошо тролање или сте сериозни. Како и да е, јас сум тука да ве демантирам. Водам евиденција од денот кога станав диктатор и ја презедов НБРМ во мои раце.
Повелете: http://tinyurl.com/evidencijanbrm

Вкупно потрошени 3 319 605 денари.
Најголем дел на КО за авиобитки, останатото за дигање востанија.
Воени единици од кои стававме КО се: РФ, СВ, ХЛ и Хогвартс.



Сега веќе кога немаме диктатура, ги замолувам претседателите на партиите да внимаваат кого ставаат во конгрес, а богами и кого кандидираат на претседателските избори.
А конгресмените би ги замолила да не избрзуваат со гласање, доколку нема инфо да почекаат, имаат 24 часа на располагање за да го гласаат законот. Научете се да разликувате тролачки од вистински закони…


Им благодарам на мојот тим (Северус, акцонел, Светецот, Нено, Борче) за нивната несебична подршка покривајќи ме кога не бев онлајн. Ви благодарам на сите вас за дисциплината, активноста и истрајноста. Мислам дека ја заслужив вашата доверба следен пат да можам без проблем да го победам и Столе на избори 😛



На вас останува да ја чувате нашата ИМПЕРИЈА еМАКЕДОНИЈА и да покажете на еСветот што значи да се биде Македонец 🙂

Пукајте за сојузниците!
Следете наредби!
Доаѓајте на дискорд https://discord.gg/xp3aTKC
Дружете се !

Толку од мене.
Вашиот Император ексДиктатор несуден ЦП Лејди

МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА !