Излижано-плукнато [МЗИ]
Ministerstvo za Informiranje
Подрав народе.
Во оваа статија сакам да ве информирам за новостите пред се на бојното поле во изминатава недела дена.
Пред да започнам со главната точка на статијата, сакам да ве потсетам за проектот на владата на Македонија во поглед на организација и известување во врска со востанијта во Индија. Се изработи канал на Дискорд каде можете да добиете инфо кога и каде ќе биде следното востание. Ние засега сме задоволни од начинот како функционира каналот, се надевам дека и вие имате позитивни погледи за идејата и системот.
Повеќе за тоа ТУКА.
А сега да се осврнам на главната цел на статијата.
Се случи ретко видена ситуација во е-светот, а тоа е војна на навидум мали држави, како со штета така и по бројот на играчи, но со големо срце и храброст. Ретко кога главен судир во светот бил конфликтот на помали држави, додека големите немале посериозни активности.
Тоа се случи пред една недела со започнување на спасувачка акција за Англија од страна на Литванија и Индија против окупаторите на Англија, Ирска. Во војната подоцна се вклучува и Канада со напад над Финска и заедно со Литванија се во сериозна и успешна офанзива. Да им посакаме среќа и безрезервна помош на бојното поле во битките.
Да одиме со ред.
Треба да се разјаснат некои работи. Се изначитавме многу лаги и тролања околу учеството на Индија во операцијата за помош на Англија, дека тие биле Македонско/Бугарска кукла и дека поради наш притисок тие ја нападнале Ирска, додека на нас ни било ,,страв’’.
Не е тајна дека имавме отворена можност ние да се вклучиме директно во воената операција, но причината поради која не го сторивме тоа ќе ви биде образложена на крајот на статијава.
За жал Индијците конкретно, наидоа на силен противник, и покрај тоа што за прв пат во нивната е-историја извршија успешен воздушен напад, за жал веднаш се испратени дома по неколку дена на гости.
Старите велат, каде што си плукал немој да лижеш. Дон Кроата таму каде што лижеше почна да плука. Нашиот (според многумина) добар пријател, по нашата укажана голема помош за Литванија и Индија, започна да ја преминува црвената линија на гордоста и да паѓа ниско и да користи навредливи имиња и оцрнување на нашата држава. Ние тоа најсилно го осудивме и го покажавме на бојното поле. Индија и Литванија не останаа сами, Ирска беше поразена (привремено), а ние повторно го покажавме тоа што го знаеме многу добро, да бидеме лојални и да им помагаме на нашите пријатели и сојузници.
После протекувањето на ссто каде тој посредува во полесно пронаоѓање единица за да можат Хрватите да кренат диктатура, за 180 степени се смени нашиот поглед за него.
И како што велат во рекламите на ТОП-ШОП: И ТОА НЕ Е СЕ!
Дознавме дека барал МПП со Грција, но нивниот ЦП отворено од него барал именување на нашата држава. Претпоставувате кое. На почетокот одбил, но подоцна (барем од шаутите можеше да се добие таков впечаток) се потпиша МППто на Грција и Ирска.
Пазарење со имиња на државите, до толку ниско паднаа Грците. Жалосно, но уште пожалосно е што нашите поранешни пријатели не користат средства за да здобијат поголема штета.
И како што некако стана практика, како Хрват напиша статија и почна да плука по секој кој порано го поддржувал, бил негов пријател, имал МПП со Ирска, и беше тотално исмеан од цел е-свет поради начинот на кој се обидуваше да најде утеха за поразот, плукање по старите сојузници со кои одамна патиштата се разделија, наместо плукање по своите таканаречени сојузници на хартија.
Македонија постојано била, е и ќе биде дипломатски активна и нема да дозволиме било какви лаги да се шират за нашата држава, потези и тестирање на нашата искреност, блискост и помош на државите кои ни се пријатели и со кои имаме длабоки и позитивни врски. Македонија и понатаму ќе стои исправена и рамо до рамо ќе се бори со своите сојузници без разлика против која држава. Ние ниеден сојузник нема да го оставиме на цедило и без подадена рака.
За крај би сакал да одговорам на прашањата на играчите кои ги поставуваа до владата било преку шаути, било на приватни пораки:
1. Дали и до кога ќе остане диктатурата во Македонија?
- Диктатурата воопшто не беше планирана и беше спасувачка акција која за среќа беше успешно изведена. Таа диктатура се крена со државни пари. За рушење на диктатурата ќе бидат потребни 1милион денари, пари кој државата моментално ги нема.
2. Дали ќе има воздушен напад овој месец?
- Дефинитивно НЕ. Донесена е владина одлука овој месец да нема никакви воени активности, поради една единствена и многу битна причина: премногу малиот број на играчи со пакети. Овој месец сме многу слаби со бројот на активни играчи. Не би сакал сега во јавност да изјавувам конкретни бројки, но верувајте дека тој број е речиси никаков. Затоа овој месец ќе се одмара и фарма максимално, додека во следните месеци сигурно ќе имаме акција и ќебидат возбудливи.
Толку од статијата.
Министер за Информирање
akconel
Comments
Излижано-плукнато [МЗИ]
http://tinyurl.com/zzhb23z
o7
Многу значење му придавате на хрватот, све останато е добро
о7
Неможе да се избегне поради тоа што беше главна фигура додека траеше операцијата.
o7
o7
со кроата немајте си работа
Дај мени то бројките, степените 😃
o7
Pa neli ke si pravea masovno sepuku hrvative posle fijaskoto vo Bugarija. Kamo gi, gledam ušte rokaat kako ludi. Ova epten liženje ispadna nivnovo, do koska
Главните нивни gold играчи се повлекоа останатите се тука.
Romper http://prntscr.com/dz4g3b
еден играч не заслужува статија,а не особено од министерство
како и да е,за трудот , о/
Точно, но сепак како што и погоре пишав, околку него се вртеа работите и неможе поинаку да се објасне дното на Грците и тролањето кон БГ и МКД.
Статијата не е со посвета туку со прецизно прикажување на ситуација.
o7
Колин нема ставано КО за Ирците.
Da ne se zaboravi deka Makedonija so AS i pomogna na Irska za da posle toa ni gi rentaat regionite na koi shto sletavme vo Irska. Za mene Irska od togash ne postoi i ne mi e jasno koja tolku "mudra glava" togash dogovori takva glupost.
плус ирска наплаќаше за МПП 10к цц, на фантом другарчињата. 10 000 цц секој месец за да имаме мпп со нив ....
Исправка во мој мандат не се даде пари, најдоа пари за да направат МПП со нас.
Иако јас едно време и понудив доколку немаат јас да донирам за тоа МПП.
Тоа беше друго време, и сосема поинаква ситуација.
И нено не мора да кажвиш за мене кога ти цело време беше надвор т.е во Србија, додека Македонија со години тапкаше во место.
🙂
Ирска имаше доста направено тогаш, за Македонија.
Се помагаше на секаков можен начин да добиеме конгрес.
И за разлика од денес каде Србија денес те тапка по рамо и ти вика ние сме пријателчина тогаш на Грција ја тапкаа по рамо 🙂
Али ти Србија си беше, нели?
Не те занимаше тебе МКД тогаш?
Тоа што денес Дон Кроата е на лоша страна е негова голема грешка.
МКД секош ја ценела Ирска, пред се за помошта кога сите други грб ни свртија таа тука беше, АС се маваја се собираа огромни средства, Се помагаше секако Македонија да добие конгрес.
Kako i da beshe...beshe promashaj tezhok da se leta za Irska za da ni rentaat regioni i da ni naplakjaat MPP-a.
Ќе се кандидираш за ЦП ? Да не ги влошиме односите со ирска да можеш пак да им дадеш цц за тоа мпп .... и на мексико ако не плати им 🙂 тоа шо помогнале не значи дека треба на глава да ни рипаат. И да сум бил во Србија ама дмг секогаш одел за МКД, таму сум бил заради ресурсите. Да не ме болело такво за МКД немало ни да се вратам.
Незнам дали те болело таквото! Мкд немаше конгрес со години, и не можевме никако даноците да ги спуштиме, друго време зато реков погоре, ти не беше тогаш тука, те интересирале ресурси, и секако фармање на страна. Секој може да игра така.
Дали ќе се канидирам за ЦП е моја ствар, доколку сакам уште утре можам да го сторам тоа, имат луѓе овде кои знает колку време имам пожртвувано овде додека сите бегаа на страна да фармаат, и секогаш ќе ги почитвам за сета подршка што ја давале за мене.
Никогаш не сум имал нешто против тебе лично, напротив секоаш сум придонесувал колку сум можел и за единиците и групни пораки секогаш вртеле со комадирите. Единиците беа најдоброто нешто што и се случи на Македонија. Но секој придонесол на некој начин.
Порано беа сојузници ИРСКА, Мексико, Чиле и други други.
Сеа се други и така ќе биде.
Не значи дека секогаш Србија ќе биде покрај нас или горенаведните.
Еднаш тоа се деси не можеме да очекуваме поинаку да биде.
@Felilix и во Индија се рентаа региони поправи ме ако грешам! ( Чисто сумљам)
Незнам дали до ден денес се рентаат ама веројатно.
Патем идејата за рентање региони во Ирска сигурно не беше во мој мантат, пошто ако се сеќавам добро се леташе за Канада и беше нападната Канада во региони од Ирска, и така останавме со 1-2 региони во Ирска, првите недели мислам дека не оставија после бараа рента за регионите ако сакаме да останиме, дали се плати или НЕ незнам.
А за МПП мислам дека немаме даено пари барем во мој мандат
[removed]
o7
Ја колку што успеав да забележим за Ирска против Индија Колин немаше стаено ЦО, ама против Албанија во РВто да. Мислам дека не си во право, среди си ги фактите.
Promasen slucaj ti e statijava
Жално е што Дон Кроата на тој начин ги завршува односите кои некогаш ги имаше со МКД.
Едно време добар сојузник, сега некаде на дното сам закопан...
Во секој случај добра статија и фала за инфо.
o7
o7