ВОНРЕДНО ПРЕТСЕДАТЕЛСКО ОБРАЌАЊЕ [Северус]

Day 3,226, 13:47 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Добра ви вечер Македонци,

Да ги прескокнеме формалностите, ќе преминам директно на темата.

Ако не сте виделе досега, од овој момент се наоѓаме под воен асаулт од противничкиот сојуз Синдикат, на кој претходните 3 месеци му задававме проблеми. Аргентина за малку ќе ја оставевме без конгрес, но затоа следниот месец истиот го немаа јужните соседи и Турција.
Ова што сега го гледаме е нормално контра-акција на тоа, откако истите ја превзедоа иницијативата во војната.

Како дојде до тоа?

Успешно ги држевме јужните под ропство, а Бугарите Турците. Во меѓувреме, нивниот сојуз активно се организираше и ни зададе удар. Со тенкање, и со тешко КО. Ние од друга страна бевме потрошени, и без пари. Претходен месец сме позајмиле ние пари од Французите, за да ги спасуваме нивните региони во Арабија. Колку и бесмислено да е, така е..
Претходната Влада колку и да оцрнува на било каков можен начин, знае со што се справуваме овој месец, а тоа е секако Бугарската страна (ќе објаснам подоле зошто), и затоа сите ве замолувам, во овие моменти бесмислено тролање не е од корист на никого 🙂



Месецов најголема мотивација за кандидирање како Претседател на еМакедонија ми беше да потпишеме Договор за Ненапаѓање кој не успеавме да го постигнеме минатиот месец, и да ја завршиме оваа бесмислена војна која трае повеќе од 3 месеци, почнувајки од летниот напад на Аргентина во Јули месец.

Имам врски од претходно, и првото нешто што го направив е да составам порака, и јужните соседи како едвај да чекале да ја пишам таа порака. Буквално, јас им пишувам „Здраво здраво“ они за НАП ме прашуваат. Се почна одлично како што очекував, се додека идејата не се пренесе и на Бугарите.

Бугарите беа тврдоглави и инаетливи, и не сакаа НАП - враќање на состојбата пред војната, туку бараа региони од Турција, што во овој момент реално е невозможно (а прашање е и дали некогаш би било возможно).

Добивме на неколку наврати и од самата Влада од југот за двостран НАП (само помеѓу нас и нив), но нормално тоа беше одбиено, и се бараше решение за НАП за сите засегнати страни, кој не можеше да се постигне од причините наведени погоре.
Со тоа разговорите за НАП се пресекоа уште и пред да започнат.

Во исто време, нивната (Бугарската) такозвана „елита“ бојкотира поради МППто со Чиле, кај нас активноста опадна поради тоа што пола од војниците бркаа БХ (не покажувам прст кон никого, требало за пакети да извадат). Со самото тоа започна и се врати бумерангот кон нас..

Бугарите периодов нити се бореа, нити одговараа на повици за координација, нити се согласуваа на НАП. Неколку дена по ред барав координирање на востанијата во јужниот сосед (како што КОНЕЧНО се случи денеска), ама додека целосно не им беа исцрпени шансите од Турција, Бугарите не одговараа на моите повици. Турција беше поважна од нивните оригинални региони..

Вреди да се спомне дека и додека ја пишувам оваа статија, Бугарите сеуште цврсто стојат ПРОТИВ било каков НАП, а во моментов има гласање за 4 Воздушни Напади врз Македонија во регионите во Индија.



Со ова, моментално, дефинитивно се става пауза на разговорите за НАП, и барам целосна и апсолутна мобилизација и единство ОД СИТЕ ВАС!

Самиот факт што дури 4 земји се собраа за да не нападнат кажува доволно за тоа колку ние им сметаме.
Не паметам некоја земја да одбранила четири напади во исто време, од ТОП 15 земјите во еСветот. Ама за се има прв пат.

Пратете ги наредбите од МзО весникот, или од било кој член на Владата (јас, Лејди, акцонел) преку шаути, и известувања ќе има преку направените пораки на еРеп и социјалните групи.

[img][/img]

„Дури и лавот мора самиот да се брани од муви“

МАКЕДОНЦИ
НАОСТРЕТЕ КОПЈАТА, СПРЕМЕТЕ ШТИТОВИТЕ, СТАВЕТЕ ШЛЕМОВИТЕ

ВОЈНАТА Е ПРЕД НАС. ДА ИМ ДАДЕМЕ ПЕКОЛ!!!





До наредното обраќање,
Северус Снејп
Претседател на еМакедонија