ПРИОРИТЕТ БР. 1 [ATEHTATOPOT]

Day 2,228, 06:04 Published in North Macedonia North Macedonia by ATEHTATOPOT

Поздрав до сите играчи.
По подолго време и јас се решавам да напишам статија не за да ги коментирам последниве збиднувања во врска со борбата со јужните туку за тоа што можеме ние сами да направиме за да допринесеме баланс во играва кој очигледно го нема.

Кога почнав да ја играм играва, пред скоро 2 години и 3-4 месеци, бевме први по број на играчи. Од X причини знаеме дека многу се откажаа, некои отидоа во длабок сон, тежок двоклик итн. еМакедонија ни станува се послаба и послаба..



Затоа, знам дека многу ќе се сложите со мене, доколку сакаме да просперираме во овој еСвет, потребна е свежа крв, нови играчи, БЕЈБИ БУМ! Тоа е единствен спас, во спротива како што гледаме, или еден по еден ќе прекинеме со играње сите, или очите ќе си ги извадиме едни на други..
Секој од нас да донесе по 1-2 играчи и да ги убедиме барем Д.О. да извршуваат 1 месец, пола од нив ќе останат ако им се помага и ако сме сложни како што некогаш бевме!



Ве молам да се воздржите од било какви негативни коментари, најдобронамерна е статијава.

ПРИОРИТЕТ НЕКА БИДЕ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА БРОЈОТ НА ИГРАЧИ!